Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски во работна посета на Казaхстан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски во работна посета на Казaхстан
МАКЕДОНИЈА

Муцунски во работна посета на Казaхстан

Објавено June 8, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Астана. Посетата се реализира на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мурат Нуртлеу.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Нуртлеу, со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев, како и со гувернерот на Меѓународниот финансиски центар на Астана, Ренат Бектуров.

На средбата со министерот Нуртлеу ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка во политичката и економската сфера. Притоа, ќе биде потпишана и Програма за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Казахстан за периодот 2025–2027.

Во економскиот сегмент, фокусот ќе биде ставен на можностите за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, условите за инвестирање во Република Северна Македонија и потенцијалите за соработка во областа на туризмот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Португалија ѝ се потребни повеќе од 14.000 медицински работници за прекувремена работа
Следна Статија Мицкоски: Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме и ќе испратиме порака дека времето на Македонија доаѓа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран рано утрово во дел од Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

 Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Божикна средба кај архиепископот Стефан

Архиепископот охридски и македонски г.г . Стефан, по повод Рождеството Христово - Божик, оствари неформална средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова,…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?