Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Објавено July 23, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со шефот на грчката дипломатија, министерот Јоргос Герапетритис.

Министрите Муцунски и Герапетритис изразија задоволство од денешната средба, во период кога двете страни посветено работат на унапредување на односите помеѓу двете земји. Притоа имаа отворен разговор и размена на мислења за повеќе прашања од заеднички интерес соопштија од Министерството.

На средбата, од страна на министерот Муцунски била изразена искрена благодарност за солидарноста што Грција ја покажа за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните итни состојби во близина на Дојран. „Тоа не беа само гестови на помош – туку вистински дела на пријателство“, истакна министерот Муцунски.

На средбата стана збор и за безбедноста – како на регионално, така и на глобално ниво. Беше потврдено заедничкото делување во рамките на НАТО и потребата од блиска координација во овие неизвесни времиња. Воедно, министрите се осврнаа на процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. Во оваа насока, министерот Герапетритис ја нагласи силната поддршка за нашиот евроинтеграциски пат.

„Сакам уште еднаш да ја истакнам поддршката на Грција за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, врз основа на воспоставените условности и принципот на сопствени заслуги, со посебен фокус на основните критериуми“, додаде грчкиот министер Герапетритис.

Почитувањето на меѓународното јавно право останува императив за двете страни, а билатералните односи, како и досега, ќе се засноваат на меѓусебно разбирање како соседи и сојузници во НАТО, констатираа двајцата министри како заклучок од средбата.

Во фокусот на средбата беше унапредувањето на соработката помеѓу двете земји, а акцентот беше ставен на потенцијалот за економска соработка помеѓу двете држави, како и на соработката во делот на инфраструктурата и енергетиката.

„Нашиот фокус беше и на резултати кои носат придобивки за граѓаните. Инвестиции. Трговија. Инфраструктура. Енергија. Разговаравме за проекти како Kоридорот 10 и гасниот интерконектор – не само како технички проекти, туку како двигатели на раст, безбедност и регионална поврзаност“, нагласи министерот Муцунски по средбата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП со засилени контроли: Таксисти издавајте фискални сметки
Следна Статија Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Долга e листата на оние кои треба да се плашат од Артан Груби

За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива позиција: се додека сме дел од владата, законот за “бранители“ нема да помине без…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонци обвинети во САД за измама со „Трамп Бакс“, жртви биле стотици Американци

Американските федерални власти покренаа обвинение против двајца државјани на Македонија, осомничени дека преку интернет организирале измама во која лажно го…

May 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?