Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара
МАКЕДОНИЈА

Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара

Објавено May 22, 2026 16:46
Сподели
Сподели

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова.

-На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, соопштуваат од МНР.

МНР

Посебен акцент беше ставен на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американската амбасада во Белград со предупредување за утрешните демонстрации
Следна Статија Поранешниот германски министер Рот: Новата бугарска влада треба да се засрами за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска одржа седница, по добиеното мислење…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Г.г. Стефан: Потребно е меѓусебно да се почитуваме

Поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во пресрет на Рождеството Христово со божикно послание до верниците. Тој повика на меѓусебно…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз утре ќе биде бесплатен од 18 часот поради „Бела ноќ“

Поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, што ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот во текот на утрешниот…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?