Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

Објавено March 22, 2025 12:41
Сподели
Сподели

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција.

Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите оздравени пациенти или за продолжување на нивното лекување во земјава.

-Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад, рече Муцунски на прес-конференцијата.

Информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави. Трошоците за нивното  лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.

Муцунски, кој на прес-конференцијата истакна дека сите „поминуваме исклучително тежок период и силен психолошки притисок“ им се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност, како и на пожртвуваноста на нашите медицински екипи на кои рече е многу горд. 

Соопшти дека од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.

Во најкус можен рок и по највисоки медицински стандарди, како што рече, биле транспортирани во болниците во странство, благодарение на организираноста и комуникацијата на Кризниот штаб во МНРНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што се лекуваат. 

Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грација, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска. 

Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените.

Муцунски рече дека утре ќе замине во Будимпешта да ги посети повредените што се во тамошните болници, а овие денови ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана. Се сретнал со семејствата и со медицинскиот персонал кои детално го информирале за состојбата на повредените, како и со министрите за надворешни работи и за здравство на тие земји на кои им се заблагодарил за помошта. 

Соопшти дека нашите ДКП-а се во 24 часовна комуникација со семејствата во земјите каде се згрижени нивните најблиски, дека им се покриени сите потребни трошоци. Посочи и дека дежурните телефони на МНРНТ и СОЗР остануваат отворени за сите прашања и потреби. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
Следна Статија Најопасна професија на светот – работник кој „молзи“ скорпии поради нивниот отров (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија со скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година

Република Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска не е во Париз поради дефект на авионот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз. Од нејзиниот Кабинет информираа…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вардан Тозија доби средства од Агенцијата за филм за снимање на трет долгометражен игран филм

Македонскиот режисер Вардан Тозија, познат по своите филмови „Џган“ и „М“ доби средства од Агенцијата за филм за снимање на…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?