Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ
МАКЕДОНИЈА

Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

Објавено February 2, 2026 17:50
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија.

По средбата, министерот Муцунски истакна дека Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите во кои живеат и работат, особено во економската и трговската сфера

На средбата беше разговарано и за потенцијалот за продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, со фокус на економијата и трговијата, како и за улогата и придонесот на дијаспората во овој процес.

Министерот ги запозна присутните и со активностите на Владата и Министерството поврзани со дијаспората, вклучително и со Стратегијата за унапредување на соработката со дијаспората, која е во завршна фаза, како и со можностите за нивно поактивно вклучување во развојните и економските иницијативи во државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ
Следна Статија Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, вели Вадефул

Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Ѓурѓовден, ова се обичаи и верувања

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според…

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?