Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

Објавено May 27, 2025 10:02
Сподели
Сподели

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на завршната Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Како што напиша на неговиот фејсбук профил Муцунски, настанот бил силен потсетник за значењето на дипломатијата во воспоставувањето на траен мир и стабилност на Балканот.

– Во своето обраќање ја истакнав важноста од зачувување на стабилноста во регионот, посочувајќи дека современите безбедносни закани бараат координиран пристап, засилен ангажман на меѓународната заедница и уште потесна соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Европската и евроатлантската интеграција останува клучна алатка за постигнување долгорочен мир, развој и заштита од надворешни влијанија, објави министерот Муцунски на ФБ.

Говорејќи за престојниот Самит на НАТО во Хаг, тој подвлекол дека одвраќањето не се постигнува со декларации, туку со инвестиции, решителност и кредибилни капацитети.

– Единството мора да биде функционално, не само декларативно. Нека Хаг биде самит на решителност – што ќе донесе капацитет, а не само соопштенија, напиша на фејсбук Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бомбашки напад во Истанбул, има повредени
Следна Статија Возел со 101 км/час на место каде е дозволено 40, уапсен возач од Пробиштип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип

Обилни врнежи од град вечерва по 19 часот го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип, на неколку километри пред влезот на…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во…

August 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија на 51 место според индексот за мир

Македонија се најде на 51 место на Глобалниот индекс на мир  што објавен од Институтот за економија и мир (IEP). Индексот рангира…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новитет: Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава, не само во близина на МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?