Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Османи кога е на власт е прогресивен европеец, а во опозиција апостол на дестабилизација и поделби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски: Османи кога е на власт е прогресивен европеец, а во опозиција апостол на дестабилизација и поделби
ПОЛИТИКА

Муцунски: Османи кога е на власт е прогресивен европеец, а во опозиција апостол на дестабилизација и поделби

Објавено July 26, 2025 12:44
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот претходник Бујар Османи влегоа во полемика околу толкувањето на Охридскиот рамковен договор и унитарниот карактер на државата.

Муцунски во интервју за Канал 5 го обвини Османи дека по неговата кандидатура за градоначалник на Чаир „упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата“, што според него се „штетни дури и за регионалната стабилност“. Муцунски најави дека ќе се преземат проактивни мерки за спречување на такви наративи, истакнувајќи:

„Зборуваше за т.н автономија во одлучувањето, практично отвараше теми за создавање држава во држава… Јасно треба да му биде дадено до знаење дека унитарниот карактер никој нема да го наруши. Оваа држава, ниту била ниту ќе биде федерација или конфедерација. Ваквите повици се опасен наратив,“ вели Муцунски.

На овие обвинувања Османи на својот профил на Фејсбук возврати дека во „начелата и принципите на Охридскиот мировен договор е пресликан современиот модел на соживот и функционалната унитарност“, нагласувајќи дека државата останува унитарна, но со јасни механизми за заштита на колективните права на заедниците. Османи потенцира дека:

„Вистинското вреднување на овој механизам не ја загрозува, туку ја зајакнува внатрешната кохезија како основно врзивно ткиво на унитарноста на државата,“ и дека секој што го оспорува овој модел „директно удира во темелите на современата државност“ и интересите на сите граѓани, пишува Османи на својот профил на Фејсбук.

Според него, решението е во почитување на духот и механизмите од Охридскиот договор, како што се правична застапеност, децентрализација и поддршка за колективните права, а не нивна политичка инструментализација.

„Охрид не е проблемот – Охрид е решението. Исто како и Преспа, исто како и Договорот за пријателство со Бугарија. И уште еднаш – тој што не го разбира тоа или не сака да ја прифати таа реалност директно и наштетува на иднината на земјата“, вели Османи.

Муцунски остро возврати:

„Бујар Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.

Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или каква било друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува ’проблем за соживот‘.

За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата“.

Понатаму додава:

„Интересно е  како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби. Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и со манипулации. Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори“.

Муцунски вели дека верува во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок.

„За разлика од него (Османи), секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, заклучува Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миа Костова за состојбата на Панчо: „Физички е подобар, но психичката борба сè уште трае“
Следна Статија Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ

Станува јасно дека дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу,…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Првични резултати: Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ 1543, СДСМ 527, Бутел 1422 со 276, во Ѓорче е 3 спрема 1

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од неколку општини. Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има 1543 гласа пред СДСМ кој има 527.…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа

Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод промовирање на изборната коалиција за претстојните локални избори и…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?