Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес

Објавено April 2, 2025 21:16
Сподели
Сподели

Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети и знае дека тие не може да се спроведат преку ноќ и ќе биде потребно време, но нема да дозволи тоа да одземе бескрајно многу време, истакна попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето во бриселскиот Центар за европска политика (ЕПЦ) на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: Перспективата на Северна Македонија“. 

– Ако некој заслужува модел во кој јасно ќе го знаеме нашиот пат и ќе се движиме напред, тоа е нашата земја. Многу често потсетувам со кого и да разговарам дека државата врз основа на ветувањата за европска иднина ги смени своето знаме, својата валута, го промени Уставот неколку пати, дури и го смени и своето името заради европските ветувања. Така што ако некој заслужува флексибилност во таа смисла, тоа е нашата земја, рече Муцунски. 

Тој нагласи дека Владата е целосно посветена на интеграција на земјата во ЕУ и ќе се ангажира со Брисел и со Бугарија да се изнајде рационално решение за деблокада на нашиот пристапен процес, со кое решение откако ќе ги спроведеме уставните измени, нема да бидеме блокирани и враќани назад и преговорите нема да бидат оптоварени со прашања поврзани со идентитетот, историјата, јазикот, национализмот или етничката припадност, туку конечно ќе ни биде дозволено да се движиме напред врз основа на принципот на заслуги. 

Ако некој заслужува модел во кој јасно ќе го знаеме нашиот пат и ќе се движиме напред, тоа е нашата земја. Многу често потсетувам со кого и да разговарам дека државата врз основа на ветувањат

– Кога станува збор за политиката има еден многу важен принцип – ако има волја има и начин, истакна Муцунски, додавајќи дека неколку пати во изминатиов период ЕУ носеше одлуки по моделот „консензус минус еден“, па ако постои волја и посветеност може да се најде и решение. 

Тој потенцира дека користењето на ветото поради билатерални прашања не ни нанесува штети само нам, туку и на легитимитетот на целиот процес на проширување на ЕУ. 

– Mислам дека постојат патишта по кои би можеле да се насочиме, по кои на сите би ни било удобно и кои би обезбедиле кредибилна европска иднина не само за нас, туку верувам и за целиот регион, додаде Муцунски. 

Според него, постои јаз помеѓу она што се испорачува од страна на Европската Унија и што се очекува да биде испорачано од неа, за што еден од примерите е нашата земја за која оваа е годината кога се навршуваат 20 години откако го доби кандидатскиот статус. 

– Годината кога го добивме кандидатскиот статус Црна Гора не беше ни независна земја, а во меѓувреме се уште ги немаме отворено пристапните преговори. Хрватска која го започна патот заедно со нас преку т.н. процес за стабилизација и асоцијација, сега е дел од Шенген и го користи еврото како национална валута. Дозволете ми уште еднаш да истакнам дека ние се уште не сме ги отвориле пристапните преговори. Има некои кругови во Брисел кои се шегуваат со мене и велат вие сте толку добар кандидат што сакаме да ве задржиме како такви, изјави Муцунски. 

Во врска со често споменуваниот термин дека сега е моментумот за проширување, Муцунски нагласи дека и во 2018 година кога го склучувавме Преспанскиот договор со Грција, доаѓаа западни лидер кои велеа дека тој е „нашиот прозорец на можности“ и дека треба „да го искористиме моментумот“ за членство во НАТО и за зачленување во ЕУ кога ќе заврши целиот процес за четири или пет години, а тие пет години изминаа пред година или година и половина.  

– Кога станува збор за проширувањето, не сакам само чисто да критикуван, велам дека има нешто одлично, многу паметно што се случува од пред некое време. Тоа е т.н. План за раст на ЕУ и Реформската агенда кој е интегрален дел него. Тој е стимулативен модел кој ги стимулира земјите од регионот да одат напред на европскиот пат, нагласи шефот на македонската дипломатија. 

Тој додаде дека на ова не гледаме како алтернатива на преговорите, тука како начин за да им докажавме на земјите членки дека сме посветени на европскиот пат без разлика колку и да е тежок, бидејќи многу од реформите предвидени со Реформската агенда ќе бидат тешки за остварување и ќе бараат трансформативни промени на нашето општество. 

– Ние бевме првата Влада од регионот што ја доби првата транша преку Планот за раст пред една недела. Ние сме многу горди што бевме прва земја во регионот што склучи партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ… и на него гледаме како на многу корисна алатка особено во сегашните геополитички случувања и во улогата на безбедноста и одбраната во евроинтегративниот процес, рече Муцунски. 

Шефот на дипломатијата изрази и благодарност до Европската Унија и земјите членки за покажаната солидарност и брзата реакција по трагичната несреќа во Кочани, оценувајќи ја како автентичен пример за европската солидарност и европските вредности на дело. 

Муцунски нагласи дека настанот во Кочани беше и аларм за потребата од справување со корупцијата, на што Владата посветено работи во изминативе 10 месеци, како и дека со реакцијата по него со приведувањето на лица без разлика на нивната партиска припадност се испраќа јасна порака дека правдата не може да биде селективна. 

– Воспоставувањето кредибилна борба против корупцијата и воспоставувањето на систем на владеење на правото не е обврска само на власта, туку е потребен пристап на целото општество. Тоа значи дека покрај Владата, потребно е вклучување и на обвинителскиот и на судскиот систем, на граѓанското општество, на Академијата. Тоа треба да биде систем во кој секој придонесува во процесот не само во креирањето, туку и во спроведувањето на реформите. Тоа не е само изработка и усвојување на добри закони, туку и промена на културата, нашата општествена, политичка и ментална култура, како ќе им пристапуваме на институциите и како ќе се однесуваме, потенцира Муцунски. 

Министерот Муцински во рамки на престојот во Брисел, утре и в петок ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани
Следна Статија Победа на РК Вардар за своите фанови и за настраданите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци

Повик за бојкот на маркетите в петок се шири на социјалните мрежи. Се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување,…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Мицкоски вечеева присустуваше на ифтарска вечера.Тој истакна дека овие собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста и…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица, Стевковски со закана до Водовод

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската…

November 27, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?