Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Објавено May 29, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план.

Во рамките на разговорот беа разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија. Министерот Муцунски ја истакна отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.

Разменети беа и мислења за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор. Особено внимание беше посветено на регионалната стабилност и развојот на Западен Балкан.

Министерот Муцунски изрази благодарност за постојаната поддршка од страна на САД, со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика и конкретни резултати, на билатерално, регионално и глобално ниво.

„Ја завршуваме посетата на Соединетите Американски Држави со значајна средба со државниот секретар Марко Рубио, на која уште еднаш ја потврдивме силната стратешка поврзаност меѓу двете земји, заедничката заложба за регионалната стабилност, нашата европска интеграција, како и инвестициите во безбедноста и одбраната како сојузници во НАТО. Од секретарот Рубио и во име на американската администрација, добивме цврсто уверување дека нашето партнерство и сојузништво остануваат клучни, гледајќи ја нашата земја како значаен фактор за регионалната стабилност. Меѓу другото, разговаравме за следните чекори во рамките на Стратешкиот дијалог и меѓусебната соработка. Во духот на зајакнатото партнерство, поддршката од САД продолжува со засилен интензитет, особено во реформските процеси, зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во време на сложени безбедносни предизвици со кои се соочува светот, заклучивме дека од клучно значење е да продолжиме да работиме на одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на глобално ниво“, истакна министерот Муцунски по средбата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дончиќ мора да ослабне ако сака да добие 230 милиони долари
Следна Статија Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада

Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител

Републичката јавна обвинителка Анита Топалов –Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на Љупчо Коцевски се додека не…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, - 4 степени, каде има и снежна покривка од…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?