Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати

Објавено February 15, 2026 11:23
Сподели
Сподели

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во изјава за медиумите од Михенската Безбедосна Конференција.

„Во последните дваесет месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање на нашата држава. Прво е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија – бевме прва земја во регионот што склучи таков договор. Потоа следеше новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа“, нагласи Муцунски.

Тој посочи дека четвртиот клучен документ е Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија.

„Изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, која е пониска во споредба со голем број земји во светот, но и отвора можност за тарифи до нула проценти за специфични гранки и производи значајни за нашиот извоз кон САД. Целта е подобри услови за нашиот бизнис, како и развивање на други стратешки односи со САД во делот на енергетиката и дигиталната трансформација“, истакна министерот.

Муцунски оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори.

„Успеавме во дваесет месеци стратешки да позиционираме повеќе клучни области, а сето тоа носи конкретни придобивки за нашите граѓани, за деловната заедница и за државата во целина“, посочи тој.

Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, министерот истакна дека клучната порака од европските и американските претставници е Европа да се врати кон своите основни вредности.

„Основната порака е дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности – не само во безбедносниот, туку и во цивилизацискиот контекст. Потребно е да се зајакне безбедносната архитектура, но и да се направи преиспитување на одредени политики што придонесоа за намалување на економската моќ на континентот“, рече Муцунски.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака на партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи.

„Постои јасна порака за заедничка соработка, што е важно од аспект на нашата колективна безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Истовремено, време е да се препознае дека геополитичката ера на која бевме навикнати во последните децении е променета и дека и ние како држава мораме јасно да се позиционираме во согласност со новите глобални трендови“, заклучи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Metal Gear Solid: Master Collection Vol. 2 Won’t Have MGS4’s Metal Gear Online – IGN
Следна Статија Amazon’s stock just clinched its worst losing streak in nearly 20 years. It’s giving investors AWS déjà vu. – MarketWatch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Овој резултат не е тој што го посакувавме, но не е лош со оглед на околностите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерната прес-конференција изјави дека според досега обработените податоци, партијата забележала победи во три општини…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Euronews“: Жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на Euronews Србија истакна дека нема аргументи за…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сорос ги искористи УСАИД за да ги фиансира обоените револуции секаде

од: Мет Палумбо, 17 февруари 2025 година Борба против технолошката тиранија На почетокот на овој месец напишав статија во која открив…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?