Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети
СПОРТ

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

Објавено March 27, 2025 10:12
Сподели
Сподели

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети која нуди седишта за илјадници долари поскапи од номиналната вредност.

Боли е наведен како член на Управниот одбор на „ Вивид Ситс“, кој лигата го означи како „неовластен веб-сајт за продавање билети“ и ги предупредува навивачите да бидат крајно претпазливи кога го користат.

Здружението на навиваќи на Челзи испрати отворено писмо до извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, во кое вели дека е „време да се дејствува и да се истражи“.

„Вивид Ситс“, продолжува да ги продава билетите од Премиер лигата над номиналната вредност по значително зголемени цени, а нашите членови продолжија да истакнуваат дека односот на г-дин Боли со „Вивид Ситс“ е нарушување на довербата и јасен конфликт на интереси“, се вели во писмото.

Американскиот милијардер го купи Челзи за 2,5 милијарди долари во 2022 година со конзорциумот „Клирлејк капитал“.

„Вивид Ситс“, продава билети за различни настани, вклучувајќи ги и натпреварите на Челзи во Премиер лигата и Конференциската лига, како и за претстојното Светско клупско првенство во САД.

Билет за претстојниот натпревар против Ипсвич се продава за 990 фунти (1.275 долари), а за натпреварот против Ливерпул на 3 мај за повеќе од 3.000 фунти (3.800 долари).

На веб-страницата на Челзи, најскапиот билет за возрасни за најбараната категорија е 80 фунти (103 долари).

Лигата ги предупреди навивачите да не купуваат од неовластени продавачи, а Челзи соопшти дека неовластената продажба е „растечки проблем“ и бара од навивачите да пријават загриженост за билетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта
Следна Статија Пожар во хотел во ски-центар, има загинати: нова трагедија во Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Како ја прославија титулата навивачите на Наполи? ВИДЕО

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор…

May 24, 2025

Робинхуд воведува NFL парли и prop опклади на платформа за предвидување

Робинхуд објави дека корисниците ќе можат да тргуваат со NFL натпревари и изведби на играчи

December 18, 2025
СПОРТ

“Балистите“ бараат да се укине казната за тоа што скандираа „УЧК“ за време на минутата молк за Кочани

Навивачите на Шкендија, популарните „Балисти“ се незадоволни од казната од пет меча без публика затоа што извикуваа „УЧК“ за време…

April 8, 2025
СПОРТ

Нејмар сака во Реал Мадрид

Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар, ја разгледува можноста да се пресели во Реал Мадрид по завршувањето на договорот со саудискиот…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?