Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
ЗАБАВА

Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија

Објавено June 26, 2026 11:31
Сподели
Сподели

Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении.

На денешната прес-конференција, Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот на државата.

„Македонските уметници, македонската култура се оние коишто го носат духот на една нација“, рече Митева, додавајќи дека Владата е особено горда што успеала да реализира проект во кој ќе бидат вклучени повеќе од 120 домашни уметници.

Таа упати благодарност до сите учесници во проектот, како и до уметниците кои, како што рече, не биле во можност да присуствуваат на денешната прес-конференција.

Митева најави дека Владата во наредниот период, етапно, ќе ги соопштува и останатите проекти што ќе бидат дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата.

Според неа, целта е јубилејот да биде одбележан достоинствено, со акцент на македонската култура и уметност како еден од најважните столбови на националниот идентитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фановите може да здивнат, Фернандеш останува во Јунајтед
Следна Статија Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот

Принцот од Велс ја опиша изминатата година како „најтешката година“ во неговиот живот. Зборувајќи со новинарите на крајот од неговата…

November 8, 2024

Заштедете до 70% на Atlus РПГ игри – Metaphor ReFantazio, Persona, SMT и други

Одлична можност за љубителите на видео игри да добијат квалитетни РПГ наслови по намалени цени

November 25, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Шер со корекција на лицето, фановите шокирани

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед…

October 16, 2024
ЗАБАВА

Меркур влезе во Стрелец: Астро прогноза за секој хороскопски знак

Планетата на комуникацијата Меркур влегува во полето на авантуристичкиот Стрелец. Еве како ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Планетата на…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?