Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура
МАКЕДОНИЈА

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Објавено May 30, 2025 12:47
Сподели
Сподели

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. 

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15 004 кандидати.  Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

За утрешниот прв екстерен испит пријавени се 9969 ученици за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик. 

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. Како и во минатите години, и на оваа државна матура најголем број избрале да полагаат англиски јазик (13 457 ученици). 

За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. 

За надгледување на испитниот процес, ДИЦ и оваа година ќе ангажира околу 2000 тестатори. 

Испитите ќе се полагаат во училиштата доколку исполнуваат услови согласно Правилникот за организирање државна матура, а за учениците од училишта кои немаат такви услови, обезбеден им е простор во амфитеатрите на факултетите. ДИЦ на веб-страницата ги објави локациите за полагање на државната матура во јунскиот испитен рок.

Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика). 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија
Следна Статија Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Тој…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време,…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?