Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра
ЕКОНОМИЈА

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Објавено October 21, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра, односно платени се 280.000 евра за стан од 91 квадратен метар во Центар, покажаа податоците на Агенцијата за катастар.

Според податоците, најскапи се становите во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што цената за квадратен метар е од 1.200 до 1.550 евра.

 

Во реагистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државата регистрирани се 845 новоизградени станови, што е за 169 повеќе од вториот квартал во 2025 година.

Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.

На територијата на целата држава во третиот квартал од 2025 година регистрирани се 6.135 купопродажби. Вкупниот збир на купопродажби е збир од вкупниот број продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од РСМ.

Од 6.135, 4.869 се продажби на недвижности, 937 се продажби од инвеститор, односно прва продажба на недвижноста, 266 октупи од РСМ и 63 продажби на недвижности извршени по пат на лицитација.

Од продажбите од инвеститор 845 се станови, 89 куќи, 2 продажби на гаражи и една продажба на други недвижности.

Најголема ативност на пзарот е забележана во јули, односно 2.303 купопродажби, а најмала во август – 1.974. Во септември се регистрирани 2.038 купопродажби.

Во овој период се продадени недвижности со површина од 8.449.281 квадратен метар и вкупна достигната цена од 18.799.665,845 денари или речиси 308.191.243 евра.

По површина, најмногу се тргувани земјоделско земјиште и шуми, а најголема вкупна цена достигнале становите или 8.625.180.893 денари – 141.396.408 евра.

Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, 275 станови, додека најголем број продадени куќи има во Битола – 71 куќа.

Најмногу недвижности од типот земјоделско земјиште и шуми се продадени во Куманово – 122 продажби додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Охрид со 48 продажби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
Следна Статија Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: Замрзнат имот во Србија и Македонија на Борче Марковски, осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нова измама: Жена од тетовско дала 14.000 евра за купување стан во Германија

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од…

September 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави…

October 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?