Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација
МАКЕДОНИЈА

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација

Објавено March 2, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информира дека, согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 македонски граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика.

Од Министерството соопштуваат дека со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата на терен.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана координација со пријателски земји и меѓународни партнери со цел успешно и организирано спроведување на евентуалната постапка.

Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, согласно информациите од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. За граѓаните кои се наоѓаат во Израел, веќе активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Министерството преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва останува целосно на располагање на граѓаните и повторно апелира сите државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи.

За дополнителни информации и помош, достапни се следните контакти:

СОС дежурен телефон на Министерството: 075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април
Следна Статија Nvidia’s CEO says agentic AI is driving chip demand – MarketWatch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“

На 8 ноември на МРТ и на јутјуб каналот на Бушава азбука ќе почне да се емитува „Буквождер“, нова македонска…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ова се помилуваните лица од страна на претседателката Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на комисијата за помилување, донесе одлука за поминување на десет осудени лица. На тројца…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?

Поставуваме сериозни, јавни и суштински прашања кои бараат итен и транспарентен одговор од градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?