Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
МАКЕДОНИЈА

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура

Објавено June 16, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Шеесеттина матуранти се фатени како препишувале на државната матура. Ваква е статистиката по само двата екстерни испити – странски јазик и полагањето на мајчин јазик. Најголемиот дел од нив употребиле мобилен телефон којшто е најстрого забранет за време на полагањето на тестовите.

„Оваа година за разлика од минатите каде имавме огромен број на ученици млади во Вибер групи и во телеграм групи, всушност од испитот се отстранети само двата дела и првиот и вториот само 60-тина ученици што значи имаме одличен напредок“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Тој што решил да препишува, ќе си ги сноси последиците.

„Значи децата кои препишуваат и не го нарушуваат редот имаат можност да полагаат во првата сесија, а тоа е во августовската сесија. Секој еден ученик кој се спротивставувал и правел некаков неред во просторијата и додека му било укажано да го остави телефонот и да го остави текстот затоа што за него полагањето е завршено и реагирал малку бурно и го реметел процесот, нема да може да полага оваа сесија августовска, значи ќе чека догодина“, изјави Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на ДИЦ.

Лани 172 деца беа фатени како препишуваат од вкупно 15.003 матуранти. Преходните години состојбите беа уште покатастрофални бидејќи беа формирани Вибер групи од кои матурантите масовно препишуваа. Оваа година за првпат се полагаше три вида матура, државна, државна стручно и државна уметничка.

Учениците имаат уште два предизвици – треба да полагаат и два интерни предмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени
Следна Статија Граѓаните кај матичните ќе се изјаснуваат дали сакаат да бидат дaрители на органи по нивната смрт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две лами

Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две Лами! Почитувани, Нашата, Скопската Зоолошка е една…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АХВ со камери ги шпионира и ги демне вработените?

Сериозни сомнежи за злоупотреба на видеонадзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде…

April 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија доби од ЕУ 65,7 милиони евра за реформската агенда, најмногу во регионот

Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се…

May 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?