Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп
ЗАБАВА

Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп

Објавено March 2, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Над 600 маскирани беа дел од големото карневалско дефиле во центарот на Прилеп како кулминација на карневалските свечености по 23-ти пат. На карневалот учествуваа и млади и стари, и не само од Прилеп, туку и од Куратица, Охридско, Пробиштип, Бегниште…. Имаше современи и традиционални маски: „Весели пирати од Пробиштип“, „Клеопатра во Куратица“, „Арката на дедо Ное“, „Го пратиле дедо в планина“, ангели и демони. Маскираните испратија пораки да се подобри светот и односите меѓу луѓето.

Големото карневалско дефиле го предводеа прилепските мечкари- заштитната маска на карневалот.

Мечкарите се тука да ги избркаат злите духови. Ги бркавме и ќе продолжиме додека сите не ги избркаме. Вековната традиција која ја воспоставија касапите и еснафот продолжува зашто имаме подмладок. Во „Прилепските мечкари“ се преку 45 возрасни и пет мали, до петгодишна возраст. Ниту дождот, ниту ветрот не може да ги запре мечкарите. А дождот е како знак дека треба да ги исчистиме и да си ги простиме големите гревови, изјави Тони Павлески од здружението „Прилепски мечкари“.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го нагласи чинот на простување на Велики поклади- Прочка. -Тука сме да подариме љубов и разбирање, да простиме за сторените гревови и да ни се прости. Карневалската традиција во Пирлеп е вековна и ја одржуваме, порача Јовчески.

До вечер стручното жири ќе ги прогласи најдобрите маски на годинашниот карневал, а утре, на Чуст понеделник кога почнувата постите, здружението „Прилепски мечкари“ традиционално поканува на посен грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај прилепското село Присад.

Дел од тридневните карневалски свечености во Прилеп беше и изложбата на повеќе од 800 маски на учениците од прилепските училишта и презентацијата на прочкарските обичари- амлање јајце.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа
Следна Статија Неда Украден била големата љубов на Саша Поповиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овие 4 знаци ќе имаат Божиќ за паметење

Овој божиќен хороскоп за 2025 година на четирите хороскопски знаци им носи навистина посебна магија, која ќе им овозможи незаборавни…

December 28, 2024
ЗАБАВА

Лука Дончиќ во најлудото интервју досега: Зборуваше за Меланија, вијагра, даноци и Бобан Марјановиќ (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во текот на својата кариера се соочил со многу интересни прашања, но интервјуто со Кејлеб Присли…

April 30, 2025
ЗАБАВА

Обновата на Star Wars: Knights of the Old Republic продолжува со ветувачки планови

Saber Interactive продолжува со развојот на ремејкот на култниот Star Wars RPG, со најави за обнова на двата класични наслови

December 10, 2025
ЗАБАВА

За три хороскопски знаци почна период на финансиски напредок

Три хороскопски знаци влегова во периодот на од вчера кога Месечината влезе во знакон на Скорпија, што им ја отвори…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?