Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп
ЗАБАВА

Над 600 маскирани на дефилето на „Прочка 2025“ во Прилеп

Објавено March 2, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Над 600 маскирани беа дел од големото карневалско дефиле во центарот на Прилеп како кулминација на карневалските свечености по 23-ти пат. На карневалот учествуваа и млади и стари, и не само од Прилеп, туку и од Куратица, Охридско, Пробиштип, Бегниште…. Имаше современи и традиционални маски: „Весели пирати од Пробиштип“, „Клеопатра во Куратица“, „Арката на дедо Ное“, „Го пратиле дедо в планина“, ангели и демони. Маскираните испратија пораки да се подобри светот и односите меѓу луѓето.

Големото карневалско дефиле го предводеа прилепските мечкари- заштитната маска на карневалот.

Мечкарите се тука да ги избркаат злите духови. Ги бркавме и ќе продолжиме додека сите не ги избркаме. Вековната традиција која ја воспоставија касапите и еснафот продолжува зашто имаме подмладок. Во „Прилепските мечкари“ се преку 45 возрасни и пет мали, до петгодишна возраст. Ниту дождот, ниту ветрот не може да ги запре мечкарите. А дождот е како знак дека треба да ги исчистиме и да си ги простиме големите гревови, изјави Тони Павлески од здружението „Прилепски мечкари“.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го нагласи чинот на простување на Велики поклади- Прочка. -Тука сме да подариме љубов и разбирање, да простиме за сторените гревови и да ни се прости. Карневалската традиција во Пирлеп е вековна и ја одржуваме, порача Јовчески.

До вечер стручното жири ќе ги прогласи најдобрите маски на годинашниот карневал, а утре, на Чуст понеделник кога почнувата постите, здружението „Прилепски мечкари“ традиционално поканува на посен грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај прилепското село Присад.

Дел од тридневните карневалски свечености во Прилеп беше и изложбата на повеќе од 800 маски на учениците од прилепските училишта и презентацијата на прочкарските обичари- амлање јајце.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа
Следна Статија Неда Украден била големата љубов на Саша Поповиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Oрганизаторот на атентатот врз Ѓинѓиќ се уште нема право на љубовна соба

Милорад Улемек Легија (58), кој издржува максимална казна од 40 години во најстрогиот затвор во Србија, т.н Алкатраз во Забела, наскоро…

June 20, 2026
ЗАБАВА

Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров (ВИДЕО)

Американецот Тим ​​Фрид си инјектирал змиски отров 18 години, што можеби довело до создавање на противотров со широк спектар, соопштија…

May 4, 2025
ЗАБАВА

Редок син дијамант на аукција е продаден за над 19 милиони евра

Голем син дијамант од 10,03 карати е продаден на аукција во Женева за 19,1 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби“.…

May 14, 2025
ЗАБАВА

Четири знаци од Зодијакот на кои почетокот на мај им носи голем напредок и радост

Како што се развива мај, планетите се усогласуваат за да понудат бран на позитивност и нови можности за четирите среќни…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?