Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Намален е бројот на невработени лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Намален е бројот на невработени лица
ЕКОНОМИЈА

Намален е бројот на невработени лица

Објавено February 27, 2026 12:24
Сподели
Сподели

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %.

Бројот на вработени лица во последниот квартал лани, споредено со третиот квартал бележи зголемување од 0,6 %. Од вкупниот број вработени,  57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.

Статистика констатира дека учеството на неформалната вработеност се намалува.

Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10,3 % помалку од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45,9 %, има во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство“ и 16,9 % во секторот „градежништво“.

Статистика објави дека во четврто тримесечје 2025 година во земјава бројот на работоспособно населени се изнесувал 1.517.695 луѓе. Од нив активни на пазарот се 800.911 лица. Во рамки на активното население како вработени се јавуваат 709 523 лица, додека како невработени се 91.388 лица.

Според податоците на статистика, во сивата економија се вклучени 90.293 лица.

Стапка на активност изнесува 52,8, на вработеност 46,8 и на невработеност 11.4.

 

1. Работоспособно население според економската активност, возрасни групи и пол четврто тримесечје 2025 година
ВкупноМажиЖени
Работоспособно население (15+)1 517 695745 622772 073
Активно население (15-89)800 911462 954337 957
Вработени (15-89)709 523410 007299 516
Невработени (15-74)91 38852 94838 440
Неактивно население (15+)716 784282 668434 116
Стапка на активност (15-89)52.862.143.8
Стапка на активност (15-64)67.277.357.0
Стапка на активност (15-29)46.153.338.5
Стапка на вработеност (15-89)46.855.038.8
Стапка на вработеност (15-64)59.468.350.4
Стапка на вработеност (15-29)35.341.328.9
Стапка на невработеност (15-74)11.411.411.4
Стапка на невработеност (15-64)11.611.611.5
Стапка на невработеност (15-29)23.422.524.9
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија US says ambassador’s comments on Israel and the Middle East were taken out of context – Politico
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти

Индустриското производство во Македонија во мај 2026 година е намалено за два проценти во споредба со истиот месец минатата година,…

July 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Реализацијата на катната гаража во Oхрид е директен бенефит од законските измени што ги донесовме

Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада…

May 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на…

July 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?