Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците
МАКЕДОНИЈА

,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците

Објавено October 31, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Наместо да се преполнуваат гробиштата со храна, да се нахрани некој што навистина е гладен. Со овој јасен и емотивен апел, протојерејот Добрица Јанев ги повикува верниците да ја преиспитаат долгогодишната навика на раздавање по гробиштата. Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо торби и јадења, тој повикува на молитва и човечност. „Помалку по гробиштата, повеќе за сиромашните“- е пораката која, според Јанев, е вистинската смисла на верата.

,,Со текот на времето нашиот народ сакајќи или не, го има тоа малку претерано. Носиме разноразни јадења по гробиштата, а тоа не е потребно. Доволно е да му дадеме, бидејќи сите знаеме дека кај нас во околината кај што живееме има некој семејства, луѓе сиромашни. Подобро ќе биде на нив да купиме храна а два или три дена, колку што мислиме, отколку да раздавме и оставеме по гробиштата, па потоа кучиња газат, јадат и ги поганат гробиштата. Апелирам до нашите верници, во ред е да се раздаде, ама да биде колку што е можно помалку на гробиштата, а повеќе да раздадеме на оние на кои што им навистина треба. Молитва исто, која што е пропратен дел од целово ова.“, рече Јанев

Граѓаните на терен велат дека, вечерва ќе раздаваат само леб и локум, а со почит кон верата и починатите, на гробишта утре ќе понесат пченица и вино.

Со овој повик, Црквата потсетува дека вистинската почит кон покојните не се мери со трпеза, туку со делата на добрина. Да се спомнат мртвите со молитва, а да се помогне на живите , тоа е пораката што треба да се пренесе од секој гроб на секое срце. И можеби, токму така, ќе ја покажеме верата не со зборови, туку со дела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите
Следна Статија Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова

Нема потреба од промена на химната одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова која појасни дека треба да се биде…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Божикна пештера на плоштад Македонија – Пренеси ја божиќната радост до секое срце!

На плоштадот „Македонија“ вчера е поставена Божикна пештера – уметничко дело кое ги обединува традицијата, верата и уметноста. Пештерата, претставува…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 8,89 отсто

Излезеноста на гласачите до 13 часот на повторените избори за градоначалник во четирите општини изнесува 8,89 проценти, објави Државната изборна…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?