Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува
СВЕТ

Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

Објавено December 16, 2025 15:22
Сподели
Сподели

Навид Акрам (24), еден од осомничените за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, се разбуди од кома и во моментов е подложен на испрашување од страна на полицијата.

Навид и неговиот татко Саџид Акрам (50) се обвинети за убиство на 15 лица кои ја прославувале Ханука на плажата во неделата, во најсмртоносното масовно пукање во Австралија во последните 30 години.

Таткото, Саџид, почина на местото на настанот откако бил застрелан од полицијата додека се криел на пешачки мост со својот син. И покрај тоа што бил повеќепати застрелан од „храбрите полицајци“, Навид бил итно префрлен во болница, каде што паднал во кома, но се разбудил денеска, според соопштението од полицијата на Нов Јужен Велс.

Во нападот, двајцата вооружени мажи убија 15 невини луѓе, а десетици оставија хоспитализирани. Најмладата жртва било 10-годишно девојче по име Матилда, додека најстарата имала 87 години.

Полицијата, која го нарече нападот „пукање што се случува еднаш во животот“, ги пофали бестрашните постапки на детективот кој се криел зад дрво пред да испука рафал кон таткото.

Службениците пронајдоа и клучен доказ – снимка во Airbnb изнајмен пред нападот. На неа, таткото и синот позираат со оружје и разговараат за своите екстремистички ставови.

Пред нападот, Акрамови штотуку се вратиле во Сиднеј по едномесечен престој на Филипините, кое е познато како жариште на исламскиот екстремизам. За време на изнајмувањето на имотот во Кемпси (19 км од Бонди) пред нападот, тие на своето семејство му кажале дека се на риболов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Хрватска: Детски психијатар со години злоставувал деца
Следна Статија Србин почина под чудни околности во Москва: Работел за одбранбена компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин им ги прости долговите на војниците што учествуваат во војната

Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра)…

November 24, 2024
СВЕТ

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот…

February 13, 2025
СВЕТ

Воена вежба на НАТО, предводена од Германија, во Балтичко Море

Во Рошток денеска почна голема воена вежба во која учествуваат 14 земји-членки на НАТО, во чиј фокус е преместување на…

September 4, 2025
СВЕТ

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето,…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?