Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025

Објавено September 17, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Народната банка, во соработка со невладината организација за промоција на македонската култура Добредојде Македонија ‒ центар за добредојде (“Dobredojde” Macedonia Welcome Center), ги одбележа Деновите на европското наследство 2025 во Музејот на Народната банка. Настанот е дел од државното чествување на овогодишните Денови на европското наследство, коишто веќе 40 години се организираат во земјите на Европа по иницијатива на Советот на Европа.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги поздрави гостите и ја истакна важноста на културното наследство како трајна вредност за општеството и за европската цивилизација. Тој посочи дека Народната банка повеќе од 20 години се грижи за зачувувањето и промоцијата на материјалната култура поврзана со монетарната историја, при што ја нагласи важноста на дизајнот на паричните единици, како номинален обележувач на културата, уметноста и на архитектурата. Беше истакнато дека првото издание македонски книжни пари во 1993 година, всушност, на идентичен начин ја промовира овдешната архитектонска оставина, заради што нашата институција со уште поголемо задоволство го поддржува овој настан за чествување на таа нејзина вродена способност.

Овогодишното одбележување беше посветено на архитектурата под мотото: „Архитектура и наследство: прозорци кон минатото, врати кон иднината“. Гостите имаа можност да се запознаат со историската и симболичната вредност на архитектонските мотиви на римските монети, преку презентацијата на кустосот на Музејот на Народната банка, Маја Хаџи-Манева. Таа посочи дека монетите од Стоби, како и од други градови, не само што ја документираат архитектурата на времето, туку и ја пренесуваат културната, религиозната и идентитетската порака на заедниците, претставувајќи чувар на колективната меморија и сведоштво за обичаите и за верувањата на минатите цивилизации.

Настанот ја нагласува посветеноста на Народната банка на зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, како дел од европските вредности, при што се истакна улогата што ја имаат монетите како музејски предмети, и како „прозорци кон минатото“, и како „врати кон иднината“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра
Следна Статија Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Биткоин паѓа под 78.000 долари: Што следува?

Биткоин достигна најниско ниво од април поради продажба на рани инвеститори и намален пазарен интерес

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат

Третата меѓународна конференција за фриленсерство „Freelance is for Freedom”, во организација на Импакт Фондација, обедини повеќе од 200 фриленсери на…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Блумберг: Македонија урна рекорд во странските инвестиции – прилив од 838 милиони евра за девет месеци

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?