Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

Објавено January 2, 2026 13:48
Сподели
Сподели

Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата.

Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, нивниот број е зголемен за 7,0%, а вредноста за 15,3%, што упатува на зголемена активност и поголеми износи по извршена трансакција.

Електронските плаќања преку дигиталните канали остварија динамичен годишен раст од 19,0% кај бројот и 29,3% кај вредноста. Од вкупниот број платежни трансакции иницирани по електронски пат, 71,8% се извршени преку мобилни апликации, што ја потврдува главната улога на мобилното банкарство во секојдневните плаќања.

Истовремено, плаќањата со платежни картички во трговијата и натаму растат, па и во третиот квартал од 2025 година, бројот на трансакции е зголемен за 9,9%, а нивната вредност за 12,4%. Раст од 9,9% е забележан кај плаќањата на физичките продажни места, како и кај купувањето преку интернет 9,3%, што укажува на поширока и почеста употреба на картичките преку сите продажни канали.

Наведените движења потврдуваат дека корисниците сè повеќе ги прифаќаат електронските и картичните плаќања, придонесувајќи кон натамошен развој на платежниот екосистем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава
Следна Статија Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новини на сметките за струја: Корисниците ќе знаат дали броилото е читано

РКЕ најави дека најдоцна за два месеца граѓаните ќе добиваат појасни информации на сметките за струја – ќе биде наведено…

June 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочсока, денеска на…

May 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Аеродромите во Италија се соочуваат со недостиг на гориво поради војната во Иран

Четири италијански аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – се соочуваат со можни ограничувања во снабдувањето со гориво…

April 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?