Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари

Објавено August 20, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка.

Со измените и дополнувањата на Одлуката за задолжителна резерва се зголемува стапката на задолжителната резерва на девизните обврски со рочност до две години од 21% на 22%, додека за девизните обврски со рочност над две години банките ќе имаат обврска да издвојуваат задолжителна резерва по двојно повисока стапка, од досегашната 5% на 10%. Истовремено се зголемува и процентот на исполнување на пресметаната обврска за задолжителната резерва врз основа на девизните обврски којашто се исполнува во евра, од 85% на 90%.

Стапката на издвојување на задолжителната резерва на обврските во домашна валута е зголемена од 8% на 9%. Со цел поддршка на  долгорочното денарско штедење и натамошно зголемување на стабилноста на депозитната база на банките, промените предвидуваат и нормализирање на стапката на задолжителната резерва којашто се применува на денарските депозити на физичките лица со рочност над една до две години, од тековната стапка од 0% на 9%.

Најголемиот дел од мерките ќе се применуваат од периодот на задолжителната резерва којшто започнува во ноември 2025 година, освен кај нормализацијата на стапката на задолжителната резерва на денарските обврски со рочност над една до две години, за која е предвидена одложена примена од околу 14 месеци и можност банките соодветно да ги приспособат своите практики во овој период.

Се очекува промените во системот за задолжителната резерва да придонесат за приспособување на каматните политики на банките заради зголемување на понудата на попривлечни долгорочни денарски инструменти за штедење на клиентите. Со тоа, дополнително ќе се зајакнат тековните поволни поместувања во депозитната база на банките, коишто водат кон зголемување на структурното учество на штедењето во денари и на подолг рок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две карти, две реалности: Зеленски и Трамп гледаат поинаку на фронтот
Следна Статија Турист во Хрватска шокиран од цените: „Ова е поскапо од Париз и Њујорк“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕБОР прогнозира повисок раст на македонската економија, три проценти во 2025 и 2026

Во својот есенски извештај, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја ревидираше нагоре проекцијата за македонската економија. Банката предвидува…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за…

September 1, 2025

Доживотен пристап до ChatGPT, Gemini и повеќе со овој алат од 75 долари

Тоа е најниска цена досега.

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?