Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди
МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Објавено November 2, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

-Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-700, стои во соопштението од Омбудсманот.

Оттаму дополнуваат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

-И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, нагласуваат оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Просечната излезност во Скопје до 9 часот е под државниот просек
Следна Статија Во Берово утрово – 1 степен, максималната дневна и до 23

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уште едно македонско семејство е евакуирано од Тел Авив: Мајка со три деца слета безбедно во Атина

Четири македонски државјани (мајка и три деца), вчера беа евекуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, соопшти…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се запалија три автомобили во Аеродром

Три возила се запалени рано утринава на улица Венјамин Мачуковски во Скопје. Нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Прво…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски уште не е повикан во Обвинителството да даде исказ за прислушувањето и следењето

Премиерот Мицкоски се уште не е повикан да даде исказ во Обвинителството за скандалот со прислушувањето и следењето од страна…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?