Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАСА ги објави првите фотографии од прелетот на „Орион“ покрај Месечината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАСА ги објави првите фотографии од прелетот на „Орион“ покрај Месечината
СВЕТ

НАСА ги објави првите фотографии од прелетот на „Орион“ покрај Месечината

Објавено April 7, 2026 19:05
Сподели
Сподели

Американската агенција за вселенскине истражувања – НАСА ги објави првите фотографии направени од астронаутите на „Артемис II“ за време на нивното прелетување покрај Месечината, пренесоа светските медиуми.

Фото: НАСА

На првата фотографија се гледа е она што се нарекува „заоѓање на Земјата“, односно момент кога астронаутите ја здогледуваат нашата планета зад лунарниот пејзаж со лузните од многубројните кратери.

Втората фотографија што ја објави НАСА го прикажува спектакуларното затемнување на Сонцето кое четиричлениот екипаж на капсулата „Орион“ имаше можност да го посведочи додека Месечината доаѓа во линија со Сонцето оцртувајќи ја само неговата корона.

Агенцијата, како што забележува Би-би-си, не наведе кој од астронаутите, кои се веќе на пат назад кон Земјата по прелетувањето, ги направил фотографиите.

Фото: НАСА

Фотографијата од „заоѓањето на Земјата“ е своевидно ехо на позната фотографија „изгрејување на Земјата“, направена од Бил Андерс, кој беше дел од мисијата „Аполо 8“ која пролета покрај Месечината, како претходница на историското прво слетување на природниот Земјин сателит една година подоцна, односно во 1969 година.

Погледот на сината планета наспроти заднината на длабочините на вселената сè уште се смета за една од најзначајните еколошки фотографии некогаш направени.

Астронаутите ги направија фотографиите за време на шестчасовното прелетување, кога нивната капсула беше зад далечната страна на Месечината поради што екипажот 40 минути немаше радиоврска со контролата на мисијата на Земјата.

НАСА во својот опис наведува дека фотографијата од „заоѓањето на Земјата“ е направена преку прозорецот на вселенското летало „Орион“ во 18:41 часот по источно летно време (24:41 часот според средноевропско време) вчера.

„Темниот дел од Земјата е ноќен. На дневната страна на Земјата, вителни облаци се видливи над регионот на Австралија и Океанија. Во преден план, кратерот Ом има трасирани работи и рамно дно испрекинато со врвови. Централните врвови се формираат во сложени кратери кога површината на Месечината била вулкански активна и тие се формираат со расрпснување нагоре за време на формирањето на кратерот“,соопшти НАСА.

Фото: НАСА

За астронаутите од мисијата „Артемис II“ глетката од затемнувањето на Сонцето додека Месечината го блокира била врвен момент, дури и на ова извонредно патување.

На фотографијата која го прикажува овој момент, короната на Сонцето може да се види околу работ на Месечината. Затемнувањата на Сонцето се минливи и кратки кога се гледаат од Земјата, но поради близината на капсулата „Орион“ до Месечината астронаутите можеа да уживаат во глетката од целосното затемнување речиси 54 минути, соопшти НАСА.

Светлата точка, лево од рабовите на фотографијата, е планетата Венера.

Пилотот на „Орион“, Виктор Гловер, го опиша затемнувањето, односно погледот на короната на Сонцето, како „научна фантастика“ и „нереално“.

„Ова продолжува да биде нереално. Сонцето отиде зад Месечината и короната е сè уште видлива, светла е и создава ореол речиси околу целата Месечина. Земјата е толку светла таму надвор, а Месечината едноставно виси пред нас“,наведе тој.

Иако сателитски фотографии од далечната страна на Месечината се направени по речиси пет децении од последното слетување на човекот во 1972 година, НАСА изјави дека тоа што астронаутите го виделе со свои очи за време на прелетот е непроценливо.

Фото: НАСА

Екипажот снимил аудиоописи за тоа што гледале, а научниците на НАСА ќе ги разгледаат овие белешки за нови информации.

Последната фотографија го прикажува „изгревањето на Земјата“ додека нашата планета се враќа во видното поле на астронаутите по нивното време поминато зад Месечината.

Фото: НАСА

Астронаутите треба да се вратата на Земјата и да се спуштат во Тихиот Океан покрај западниот брег на САД в петок во 20:07 часот по источно американско време (в сабота 2:07 часот по македонско време).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се урна кран во Белград – едно лице загина, двајца повредени
Следна Статија Доналд Трамп Помладиот од Бања Лука: ЕУ е катастрофа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

За влез во САД уште 250 долари такса

Посетителите на Соединетите Американски Држави ќе бидат обврзани да платат такса (visa integrity fee) според одредба од неодамна донесениот „Голем…

July 20, 2025
СВЕТ

Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа

Дарио Амодеи, извршен директор на Антропик, компанијата зад еден од најпопуларните модели на вештачка интелигенција Claude AI, издаде драматично предупредување:…

May 30, 2025
СВЕТ

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија…

May 16, 2025
СВЕТ

Стив Виткоф ќе се сретне со Володимир Зеленски за преговори за војната во Украина

Пратеникот на Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател и европски лидери во Берлин за да разговараат за најновиот…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?