Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци
ХРОНИКА

Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци

Објавено March 29, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Од СВР Струмица информираат дека насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Негорци, потврдија од СВР Струмица.

Во соопштението се вели: Во текот на 2024 година во ОВР Радовиш од страна на две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за „телесна повреда“ и едно за „загрозување на сигурноста“, кои се во целост расчистени и до надлежното обвинителство се поднесени соодветни поднесоци. На 27 март 2025 лицето е спроведено на лекување во Психијатриска болница Негорци, велат од СВР Струмица.

Статистиките од МВР за изминатите 2 години покажуваат дека пријавувањето на семејното насилство бележи благ пораст. Но, доколку жртвата не даде согласност, насилникот не може кривично да се гони, како што е во случајот со насилникот од Радовиш, во кој партнерката одбила да го пријави, што уште еднаш ја отвори потребата од измени во кривичниот законик и кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани
Следна Статија На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

На конференција во Охрид, почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот…

October 12, 2024
ХРОНИКА

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина…

July 7, 2025
ХРОНИКА

Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Вања Ѓорчевска била убиена клекната на колена

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинителството презентираше детали за ужасните моменти што малолетното девојче ги…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?