Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции
СВЕТ

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Објавено June 1, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Повеќе од 290 лица се уапсени во Париз за време на прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) над Интер во финалето на Лигата на шампионите што се одржа синоќа во Минхен.

Прославата беше одбележана со бројни инциденти на неколку локации во градот, вклучувајќи ги Шанзелизе, париската обиколница и квартот Порт де Сен-Клу, јави француски BFM.

Според париската полиција, уапсени се вкупно 294 лица, од кои многумина поседувале пиротехнички средства и запаливи материјали.

На некои места избувнаа судири со полицијата, а беа употребени и водни топови и солзавец.

На плоштадот Етоал, демонстрантите ја пробија полициската бариера, а на Шанзелизе беше запален автомобил, а продавница за чевли беше ограбена.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо остро го осуди насилството.

„Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата“, рече тој за мрежата X.

Илјадници навивачи учествуваа во прославата, а Ајфеловата кула беше осветлена во боите на клубот.

И покрај инцидентите, атмосферата на многу места остана празнична.

Околу 5.400 припадници на полицијата и жандармеријата беа ангажирани за одржување на редот, објави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, апелираше до навивачите да останат смирени: „Славиме, но без насилство“, рече тој.

Израелскиот претседател Исак Херцог денес го осуди вандализмот врз еврејските институции во Париз, вклучително и прскањето со зелена боја врз синагогата изградена од прадедото на израелскиот шеф на државата.

„Згрозен сум од нападот врз еврејските институции во Париз на Шабат, вклучувајќи ја и синагогата во населбата Маре, изградена од мојот прадедо, рабинот Џоел Херцог“, рече Херцог на X.

Тој рече дека разговарал со Советот на еврејски институции во Франција (CRIF), на кого му изразил поддршка и солидарност.

„Ги повикувам француските власти да дејствуваат брзо и решително за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата и да ја одбранат еврејската заедница од омраза и напади од каков било вид“, рече Херцог.

Француската полиција утрово објави дека пет еврејски институции во Париз биле испрскани со зелена боја, а за инцидентите е покрената истрага.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бигорски манастир: Да не биде изгубено единството на нашата Света МПЦ-ОА
Следна Статија Манасиевски: Модуларната болница на Филипче во моментот кога изгорела немала одобрение за поставување и употреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима…

August 6, 2025
СВЕТ

Бел прав пронајден во пакет во центар на ДХЛ во Германија, 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени откако во дистрибутивен центар на DHL во Германија беше пронајден бел прав на сомнителен пакет.…

June 6, 2025
СВЕТ

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската…

June 15, 2025
СВЕТ

Москва порача: Подготвени сме за директни преговори, чекаме Киев да се јави

Москва чека сигнал од Киев за продолжување на директните преговори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави „Киев пост“. Сигнал…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?