Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Здрава Исхрана и Нутриција > Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух
Здрава Исхрана и Нутриција

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Објавено October 1, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените.

Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на Универзитетот во Лестер, Велика Британија. Кеусри објаснува дека повеќе од 90 отсто од луѓето ширум светот дишат воздух што ги надминува безбедните нивоа на загадување утврдени од Светската здравствена организација. Исхраната богата со овошје и зеленчук, од друга страна, се потврди оти е поврзана со подобро здравје на белите дробови.

Нејзиниот тим користеле податоци од „Британската биобанка“ (UK Biobank), којашто содржи здравствени информации за околу половина милион луѓе. Истражувачите се сосредоточиле на 200.000 учесници, испитувајќи ја нивната исхрана, како и потрошувачката на овошје, зеленчук и интегрални житарки, заедно со мерења на функцијата на белите дробови и нивната изложеност на штетните ПМ-2.5 честички.

Тие честички биле поврзани со намалена функција на белите дробови кај сите учесници, но ефектот бил помалку изразен кај жените кои јадат најмалку 4 порции овошје дневно, според наводите.

Кеусри верува дека антиоксидансите и антиинфламаторните соединенија во овошјето можат да помогнат во неутрализирањето на оксидативниот стрес и воспалението предизвикано од загаден воздух. Интересно е што заштитниот ефект бил забележан само кај жените – веројатно затоа што тие генерално јадат повеќе овошје од мажите.

Како и да е, научниот труд потврди оти здравата исхрана е поврзана со подобра функција на белите дробови и кај мажите и кај жените, без оглед на нивото на изложеност на загадувањето.

Проф. Сара Де Матеис од италијанскиот Универзитет на Торино смета дека наодите ги надополнуваат доказите за придобивките од исхраната заснована на растенија и плодови.

Ова истражување посочува дека иако не може сами да го избегнеме загадувањето на воздухот, вклучувањето повеќе свежо овошје во нашата дневна исхрана може да биде мал, но значаен начин да ги заштитиме нашите бели дробови. Сепак, се нагласува дека подобрувањето на исхраната кај поединецот не треба да ја замени решителната владина акција за намалување на загадувањето на воздухот, бидејќи не постои безбедно ниво на изложеност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ајфонот е на братучед ми“ – Курто Дудуш вели дека се сликал со телефонот за да го промовира бројот 17 за изборите
Следна Статија Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека не поседува сознанија за тоа дека земјоделските производи од Трубарево се несоодветни за…

September 26, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Норвешки метод 4×4: „Овој тренинг го враќа вашето срце 20 години назад“

Иако тренинзите со низок интензитет (како на пример пилатес) се моментално најпопуларни во светот на фитнесот, сепак не ги игнорираме…

October 24, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Сè повеќе тинејџери користат протеински додатоци, стручните лица предупредуваат за можните ризици

Под влијание на социјалните медиуми и желбата да имаат мускулест изглед, сè повеќе тинејџери консумираат протеински шејкови и „плочки“. Овие…

October 17, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Ако имете низок притисок, појадокот е најважен оброк за вас

Хранливиот појадок во вистинско време може да помогне во стабилизирање на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, да…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?