Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нацевска: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нацевска: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати
ЕКОНОМИЈА

Нацевска: Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Објавено May 18, 2025 11:32
Сподели
Сподели

Народната банка (НБ) посветено работеше во изминатиот период и спроведе значајни реформски процеси за поставување на домашните финансиски пазари. И во иднина, ќе остане активен двигател и поддржувач на реформските процеси за унапредување на домашните финансиски пазари, во тесна соработка со сите релевантни банкарски здруженија, државните институции и со останатите чинители на домашните финансиски пазари, рече вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 30-тото јубилејно Годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија.

Нашата цел е, додаде, да создадеме посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување, кое ќе го поддржи економскиот раст и ќе придонесе за просперитетот на нашата земја.

Посочи дека домашните финансиски пазари се клучната алка во спроведувањето на монетарната политика, па затоа Народната банка уште од монетарното осамостојување активно соработува со банките со цел воспоставување на функционален, ликвиден и транспарентен девизен пазар и пазар на пари. Истовремено, Народната банка активно го поддржува примарниот пазар на државни хартии од вредност на којшто се формира т.н. безризична крива на принос, значајна за развој на останатите сегменти од финансиските пазари, при што го воспостави и секундарниот пазар на државни хартии од вредност. Воспоставувањето и континуираниот развој на овие пазари овозможи ефикасно спроведување на интервентната политика на Народната банка за одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута, поефикасна трансмисија на сигналите на монетарната политика и посигурно и поевтино позајмување на финансиски средства помеѓу учесниците на пазарите. Сето тоа придонесе за постепено јакнење и одржување на стабилноста на домашниот финансиски сектор во функција на континуирана поддршка на економската активност на фирмите и домаќинствата.

-Во контекст на пошироките развојни процеси во финансискиот сектор, сакам да истакнам едно значајно достигнување оваа година, кое ја рефлектира заедничката заложба на Народната банка, банките и другите релевантни институции, прифаќањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). За граѓаните, компаниите, но и институциите, ова значи можност за подигнување на нивото на финансискиот квалитет и стабилност, што дополнително ќе го зајакне целокупниот економски амбиент, отворајќи простор за натамошен развој и продлабочување на тргувањето на домашните, но и на меѓународните пазари, истакна Нацевска во обраќањето.

Посочи дека Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристапување во СЕПА шемата за кредитен трансфер, обезбедувајќи континуирана техничка и стручна поддршка.

-Иако процесот е долг и најраниот датум за прифаќање на банките од новите земји членки е 6 октомври 2025 година, со задоволство можам да споделам дека една банка веќе поднесе апликација за членство до Европскиот совет за плаќања, а повеќето банки се во напредна фаза на подготовка. Ова е јасен сигнал дека сме на добар пат – со одговорен пристап, стратешка визија и соработка меѓу институциите – да се вградиме рамноправно во европскиот финансиски простор, рече Нацевска.

Соработка на Народната банка со АЦИ Македонија е од почетоците на здружението во 1996 година, кое беше основано на иницијатива и со поддршка на Народната банка. Здружението АЦИ Македонија ги обединува претставниците на банкарскиот сектор коишто работат на домашните финансиски пазари и претставува платформа за развивање добри професионални односи, зголемување на меѓусебната доверба, размена на искуства и постојана професионална едукација на вработените во банкарскиот сектор. Здружението во 2001 година стан дел од меѓународното семејство на здружение на банкарски работници на финансиските пазари, кое оваа година прославува исто така значаен јубилеј, односно 70 години постоење. Едукацијата и промовирањето на етичко однесување на овој сегмент на банкарски професионалци и во иднина ќе биде во фокусот на активностите на Народната банка како партнер на здружението АЦИ Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не им доаѓа памет: Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка
Следна Статија (ВИДЕО) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не се исплатени јунските плати на фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“ – вработените повторно на протест

Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска повторно излегоа на протест,…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско

Немаат вработени, а бизнисот им оди добро. Толку добро што приходите и профитот се мерат во милиони евра. Ни денар…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?