Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин
БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Објавено December 9, 2025 12:46
Сподели
Сподели

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и во изминатите денови, така и денеска, граничниот премин Евзони се очекува да биде неколку часа блокиран напладне, односно од 12 до 16 и попладне од 18 до 22 по локално време, а единствено одлуката нема да важи за грчките камиони што излегуваат до земјата.

Конкретниот блок со паркирани над 300 трактори, беше поставен минатиот понеделник, а земјоделците секојдневно одлучуваат кога ќе го блокираат граничниот премин и колку часа ќе трае.

Трактори се паркирани и на граничниот премин Ники (Меџитлија), а според грчката новинска агенција АНА-МПА закажана е четиричасовна блокада од 10 часот по локално време.

Проблеми има и на граничните премини кон Бугарија и Турција, исто како и во изминатите денови.

На островот Крит, во градот Ираклио откако вчера на патот кон аеродромот, земјоделците се судрија со полицијата, го пробија полицискиот блок, успеаја да стигнат до објектот и упаднаа на пистата, аеродромот беше затворен од доцна синоќа до рано утрово и во прекин беа сите летови.

Инциденти меѓу земјоделците и полицијата вчера имаше и во Ханија, исто така на Крит и исто така во обид насобраните лица да стигнат до аеродромот во конкретниот град.

Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а за утре најавен е протест во градот Волос и блокада на пристаништето.

Во централна Грција блокади има и на автопатот Е65 што ги поврзува градовите Ламиа, Кардица и Трикала со автопатот Егнатија.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството.

Засега нема информации до кога ќе траат.

На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори
Следна Статија Европските сојузници ќе го соберат поддршката за Украина додека притисокот на САД се зголемува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Онеида нацијата ги откажува договорите со ICE по реакциите на јавноста

На 2 јануари, претседателот на Онеида, Техаси Хил, истакна дека советот на племето не бил свесен за договорите меѓу ICE…

January 4, 2026
БАЛКАН

11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата…

November 21, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

За Велигден надвор од Македонија: Над 16 000 заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие

Празничниот продолжен викенд направи гужви на граничните премини за излез од државата. Најголем метеж има на премините кон Србија и…

April 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?