Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
СВЕТ

Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев

Објавено August 28, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град.

„Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во соопштение за медиумите.

Таа додаде дека две ракети паднале на растојание од 50 метри од зградата на Делегацијата на ЕУ во рок од 20 секунди и дека никој од персоналот не е повреден.

Таа објави дека ЕУ ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.

„Ова значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со 19-тиот пакет строги санкции. Паралелно, напредуваме во работата на замрзнатите руски средства за да придонесеме за одбраната и обновата на Украина“, рече фон дер Лајен.

Таа објави дека во утре ќе започне повеќедневна турнеја низ седум земји-членки „кои ги зајакнуваат и заштитуваат нашите надворешни граници со Русија и Белорусија“.

„Сакам да ја изразам целосната солидарност на ЕУ со нив и да го споделам напредокот што го постигнуваме во градењето силна европска одбранбена индустрија, особено преку нашиот заеднички одбранбен инструмент SAFE“, рече таа.

Таа прво ќе ја посети Летонија, потоа Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија.

Во синоќешниот руски напад врз Киев загинаа 14 лица, а околу 50 се повредени. За Фон дер Лајен тоа бил најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз украинската престолнина од јули.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана
Следна Статија (ВИДЕО) Највисокиот мост во светот успешно ги помина тестирањата – ќе ги руши сите рекорди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бил Гејтс: Илон Маск е одговорен за смртта на најсиромашните деца во светот

Милијардерот Бил Гејтс денеска го обвини Илон Маск, милијардер и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека е одговорен за…

May 8, 2025
СВЕТ

Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и…

November 10, 2024
СВЕТ

Го обожавам мирисот на депортации: Трамп му се заканува на Чикаго со Националната гарда

По неколку недели предупредувања дека Чикаго би можел да биде следниот град во САД што ќе ја види Националната гарда…

September 7, 2025
СВЕТ

Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?