Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
ХРОНИКА

Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

Објавено April 28, 2026 13:42
Сподели
Сподели

Најголем дел од загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, починале од насилна смрт, како резултат на задушување од труење и интоксикација од јаглерод моноксид. Ова го констатирале обдукциските протоколи, односно наоди изготвени од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, што од страна на Обвинителството беа презентирани на денешното рочиште од судскиот процес за трагедијата, со што започна фазата на изведување на материјални докази.

Извештаите од Судска медицина за причините за смртта на настраданите ги презентираше обвинителката Наташа Сарамандова.

Додека ги наведуваше извештаите од Судска медицина како што се заведени по ознака и број, документите беа прикажувани на голем екран во судницата. Таа поединечно по име и презиме причините за смртта на секој од загинатите ги наведе според мислењето од извештаите на Судска медицина.

Околу 50 од нив, како што наведе обвинителката, починале од труење со јаглерод моноксид и нивната смрт била насилна. Четворица од жртвите, според обдукциските протоколи што ги презентира обвинителката, починале од притисок врз градниот кош. Тројца од жртвите го загубиле животот како резултат на недостаток на воздух и кислород во околната средина.

Додека обвинителката ги читаше извештаите и констатираните причини за смртта, меѓу родителите можеше да се слушне тивок плач. Обдукцијата на три од жртвите кои починале во текот на лекувањето, исто така, констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото.

Обвинителството изведе и писмен одговор од Судска медицина, за кој рече дека содржи одговори на прашања колкаво присуство во крв е смртоносно и колку брзо настапува смрт при задушување со јаглероден моноксид, потоа кои се специфични и неспецифични индикации и која е разликата меѓу задушување и труење со јаглероден моноксид, како и дали би биле спасени доколку биле подложени на кислородна терапија на местото на настанот и во болниците.

Обвинителството, исто така, предложи да биде повикано и сослушано вешто лице кое ќе даде одговор на сите дополнителни прашања кои произлегле или произлегуваат од обдукциското мислење.

„Ние за денеска бевме спремни за изведување на овие материјали докази. Знаеме дека и вас ќе ве интересираат прашањата кои ќе бидат дадени од вештото лице и затоа ќе ги дадеме во писмена форма пред Судот за да може да бидат поделени“,рече обвинителката Сарамандова.

Адвокати на одбраната реагираа на изведените докази на Обвинителството. Дел од адвокатите рекоа дека не бил изведен делот од обдукцијата во кој, според нив, се констатира дека значителен дел од жртвите вдишале водороден цијанид.

Инаку, судот на почетокот на рочиштето информира дека сè уште нема вратена информација за достапноста на едниот сведок, што требаше да биде сослушан денеска, додека за другите двајца сè уште не е завршено вештачењето за нивната подготвеност да сведочат, по што одлучи да се продолжи со изведување материјални докази.

Одбраната на почетокот се противеше на предлог за читање на нивните изјави бидејќи сведоците биле непосредни очевидци на околноста кој ги поставил, односно кој не ги поставил пиротехничките средства на бината критичната ноќ.

На почетокот на денешното рочиште одбраната на обвинетиот сопственик Дејан Јованов-Деко го повтори барањето ефективниот притвор да му биде заменет со куќен, поради влошената здравствена состојба. Бранителката на Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, рече дека иако на рочиштето на 20 април го поднеле ова барање, по него сè уште не е одлучено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
Следна Статија За Филипче прашањето за златната виза во Дубаи билo „дефокус“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба…

December 31, 2025
ХРОНИКА

Погребан херојот Илчо: Кобниот ден 11 пати возел од Кочани до Скопје, 32 часа им помагал на повредените

Вчера беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој…

March 19, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Маж починал додека управувал автомобил во Радовиш

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?