Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најдобри појадоци за здрав дигестивен тракт: Цревата ќе ви бидат благодарни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Здрава Исхрана и Нутриција > Најдобри појадоци за здрав дигестивен тракт: Цревата ќе ви бидат благодарни
Здрава Исхрана и Нутриција

Најдобри појадоци за здрав дигестивен тракт: Цревата ќе ви бидат благодарни

Објавено August 17, 2025 18:56
Сподели
Сподели

Утрата го одредуваат текот на целиот ден – истото важи и за стомакот. Овие 7 здрави идеи за појадок не само што се добри за варењето, туку и се преполни со хранливи состојки кои ќе ве држат енергични, сити и урамнотежени.

Овесна каша со ленено семе и јаболка
Овесната каша е лесна за желудникот, богата е со растворливи влкна кои го поттикнуваат празнењето на цревата и развојот на добри бактерии. Додајте рендано јаболко за природни пребиотици и посипете мелено ленено семе, кое содржи омега-3 масни киселини и дополнителни влакна.

Кисело млеко со никулци и суви сливи
Киселото млеко е природен пробиотик што ја обновува цревната флора, додека сувите сливи ја поттикнуваат перисталтиката и го олеснуваат празнењето. Додајте лажица пченични никулци за дополнителни влакна, кои ги хранат корисните бактерии во цревата.

Банана и путер од кикирики на интегрален леб
Интегралниот леб обезбедува влакна корисни за цревата, додека бананите содржат природни пребиотици кои го поттикнуваат размножувањето на добрите бактерии. Нанесете слој од путер од кикирики за здрави масти и растителни протеини кои подолго ќе ве држат сити.

Овошна салата со семиња
Исечкајте сезонско овошје, богато со влакна и ензими за варење. Посипете чиа или ленено семе – извор на омега-3 масни киселини влакна.

Овесни снегулки со чиа семе и зрнесто овошје
Потопените овесни снегулки се лесни за дигестивниот систем и гарантираат добар почеток на денот. Измешајте ги со лажица чиа семе, млеко по избор и грст зрнесто овошје. Оставете да отстои прекуноќ во фрижидер и уживајте во појадокот богат со влакна.

Тофу кајгана со спанаќ
Растителна верзија на кајгана – богата со протеини, дејствува противвоспалително и заситува. Тофуто е одличен извор на растителни протеини кои ги поттикнуваат цревата, додека спанаќот содржи влакна, железо и пребиотици. Кога ќе се пропржат со лук, куркума и ким, овој појадок е вкусен и лесен за стомакот.

Смути со кефир и зрнесто овошје
Кефирот е ферментиран млечен пијалак кој содржи повеќе пробиотици од јогуртот. Измешајте го со зрнесто овошје, лажиче мед и банана или овесни снегулки, по желба. Ова смути е кремливо, освежително кисело и исклучително добро за цревата. Идеално е за топлите денови кога не сакате тешка храна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Уапсени пијани возачи, двајца предизвикале сообраќајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здрава Исхрана и Нутриција

Решете се трајно од вишокот килограми: мирисот на едно растение целосно го уништува апетитот

Според истражувачите од Соединетите Американски Држави, ослободувањето од преголемата желба за храна повеќе не е толку тешко. Тие создадоа нова…

August 25, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Дали чварките ќе бидат луксуз оваа зима? Цената во регионот достигна 30 евра за килограм

Чварките  се неопходен дел од гастрономската понуда во регионот. Подготовката започнува со топење на свинска маст, а завршува со крцкави…

September 27, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Kакаото благотворнo против деменција

Пиењето какао може да го забави губењето на меморијата поврзано со возраста кај здравите постари возрасни лица, посочува ново истражување…

September 10, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување

Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови,…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?