Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот
СПОРТ

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Објавено September 3, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.

На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.

Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.

И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.

Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за местото меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „сомбреросите“ за претстојното Светско првенство – што би бил неговиот рекорден шести во кариерата.

Бургос, во меѓувреме, имале подготвен „план Б“ по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руиз, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти Расинг Ферол.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме
Следна Статија Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто, причината е повреда

Голем број откази на тенисери и тенисерки беа присутни на Мастерс турнрите во Торонто и Синсинати. Тоа се двата турнира…

August 11, 2025
СПОРТ

Му го уништи лицето на Донарума – не доби ни жолт картон (Фото и Видео)

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума нема по добро да го паменти дербито на францускиот шампионат против Монако. Италијанецот…

December 19, 2024
СПОРТ

ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари…

April 26, 2025
СПОРТ

Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо

18-годишниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец Ламин Јамал влезе на листата на најплатени фудбалери. Магазинот „Форбс“, објави ранг-листа на…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?