Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот
СПОРТ

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Објавено September 3, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.

На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.

Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.

И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.

Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за местото меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „сомбреросите“ за претстојното Светско првенство – што би бил неговиот рекорден шести во кариерата.

Бургос, во меѓувреме, имале подготвен „план Б“ по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руиз, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти Расинг Ферол.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме
Следна Статија Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Египет со победа ги задржа шансите за пласман во втората фаза

https://www.youtube.com/watch?v=FOt2kY2_8rw Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство…

June 22, 2026
СПОРТ

Eдната се крсти другата се моли: Ќерките на Тадиќ и Џеко го украдоа шоуто на мечот на Фенербахче

Дека верата може да зближува покажаа на наследничките на фудбалерите Душан Тадиќ и Един Џеко на мечот на кои играа…

April 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Дејвис доминираше, Леброн и Брони испишаа историја

ЛА Лејкерс ја забележаа првата победа на отворањето на лигата од 2016 година. Избраниците на Џеј Џеј Редик ја совладаа…

October 23, 2024
СПОРТ

Убава вест за навивачите на Барселона

Барселона зад себе има блескава сезона во која ги освои сите домашни трофеи – Ла Лига, Купот и Суперкупот на…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?