Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
СВЕТ

Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти

Објавено June 6, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Најмалку четири лица загинаа во нападите на Русија со беспилотни летала и балистички ракети „Калибар“ врз Киев во текот на ноќта, додека масовни воздушни удари беа пријавени и во други региони на Украина, соопштија украинските власти.

„Потврдено е дека четири лица загинале во главниот град“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на „Телеграм“, додавајќи дека потрагата по преживеани под урнатините сè уште трае. Претходно соопшти дека има еден загинат и 20 повредени, од кои 16 се хоспитализирани.

Итните служби информираа дека нападот бил изведен со дронови и балистички ракети, при што биле погодени повеќе делови на градот, а на неколку локации избија пожари.

Граѓанските и воените власти соопштија дека метрото во Киев не работи, откако една бомба погодила воз меѓу две станици. Националната железничка компанија исто така пријави штети на пругите, што предизвика нарушување на сообраќајот кон јужните делови на градот.

Покрај главниот град, и други региони беа погодени од воздушни напади.

Во западниот град Луцк, близу полската граница, при „масовна ракетна и дронска офанзива“ делумно е уништена станбена зграда, а пет лица се повредени, соопшти шефот на локалната воена администрација, Иван Рудницки.

Во Тернополската област, исто така на западот на земјата, регистрирана е „најмасовната воздушна офанзива од почетокот на војната“, со „повеќе удари“, изјави шефот на тамошната воена администрација, Вјачеслав Негода.

Во Русија, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека украински дронови ја нападнале руската престолнина во текот на ноќта. Според него, биле соборени десет беспилотни летала, а три аеродроми привремено беа затворени, информира руската агенција за воздушен сообраќај.

Овие напади следат откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го предупредил во телефонски разговор дека ќе возврати за украинскиот напад врз руски бомбардери пред неколку дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
Следна Статија Салата на Работнички во Скопје ќе го носи името на Лазар Лечиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Има шанси војната да заврши во 2025 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војна против Украина најверојатно ќе заврши во наредната година. „Кога ќе заврши војната?…

November 23, 2024
СВЕТ

Кипар, Грција, Италија и Малта загрижени за можна нова мигрантска криза

Лидерите на Кипар, Грција, Италија и Малта денеска ја повика Европска Унија единствено и координирано да одговори на потенцијалниот бран…

April 24, 2026
СВЕТ

Пресврт во Украина: Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под водство на претседателот Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и…

March 4, 2025
СВЕТ

„Мртвата рака“ е оружјето на Русија за „судниот ден“

„Мртвата рака“ што ја спомена Медведев во својот одговор до Трамп е оружјето на Русија за „судниот ден“. Eве неколку…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?