Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД
СВЕТ

Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД

Објавено January 26, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоар, а потоа и во дрво.

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.

Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија локалните власти, додавајќи дека жртвите се на возраст од 60 до 84 години. Тие ги потсетија жителите да бидат внимателни при чистење снег, особено луѓето со историја на срцеви заболувања или други медицински проблеми.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.

Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“
Следна Статија Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски прво потпишал преддоговор со Велика Британија за минералите, затоа Трамп збеснал!

Зеленски првично потпишал договор за минералите со Велика Британија и тоа е причината што Трамп бил толку нервозен на нивната…

March 6, 2025
СВЕТ

Песков: Меркел го осудува Путин поради неговото куче, а во Европа ги носат кучињата во ресторани и ги носат во јавен превоз

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков се осврна на мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во кои таа изјавила дека…

December 1, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург, Шолц ќе го посети местото

Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари денеска ќе го посетат местото на крвавиот напад со автомобил во Магдебург што…

December 21, 2024
СВЕТ

Трамп одржа митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, говореа Хулк Хоган, Руди Џулијани, Карлсон Такер, Илон Маск… (ВИДЕО)

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера го предводеше предизборниот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, кој започна со серија…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?