Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
ЗДРАВЈЕ

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Објавено August 20, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Царинските службеници на граничниот премин Богородицаоткрија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно без оригиналното пакување, како и без соодветни дозволи и сертификати од надлежни институции. За да избегне царинска контрола, сторителот лековите ги наредил во редови и ги скрил меѓу патнички перничиња за врат, сместени во три картонски кутии.

Со ваквиот начин на транспорт се загрозува безбедноста на граѓаните, бидејќи лекови кои не се соодветно декларирани, складирани, транспортирани и без соодветни дозволи и сертификати можат да претставуваат сериозен ризик по здравјето.

По брзата реакција на инспекторите, кои работеа на случајот во текот на изминатото деноноќие, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија, од каде што е изречена мерка за одземање на лековите.

Царинската управа ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц на лекови и заштита на јавното здравје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците
Следна Статија До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до 11 мај, во Република Македонија се пријавени 50…

May 15, 2025
ЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈА

Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена…

September 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Џикова: Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци…

May 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Maggi повлекува супа од брокули во Германија поради можност за присуство на метални делови

Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, откако компанијата Maggi објави дека повлекува од пазарот одредени серии од производот…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?