Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
СВЕТ

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра

Објавено November 17, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Белгиската полиција приведе две лица на аеродромот „Завентем“ во Брисел, откако во нивните куфери биле пронајдени над 108 килограми кокаин, чија вкупна вредност на црниот пазар се проценува на најмалку 4,3 милиони евра.

За време на царинска проверка на аеродромот во Брисел, во куферите на две лица беше пронајдено големо количество кокаин. Вкупното количество се проценува на нешто над 108 килограми, соопшти белгиското Јавно обвинителство.

Вниманието на царинските службеници го привлекло тоа што куферите на осомничените, на возраст од 19 и 23 години, биле „значително потешки“ од дозволеното.

Извори од истрагата за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ изјавиле дека во овој случај не станува збор за класични шверцери на дрога.

Ова е дело на криминална организација која потплатува луѓе на аеродромите со цел да пренесат куфери полни со дрога со авион, изјавил истиот извор.

Според него, овие организации ангажираат луѓе кои на некој начин добиваат пристап до просторот на аеродромот каде пристигнува багажот и едноставно ги земаат куферите со дрога.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Би-Би-Си ќе му се спротивстави на Трамп, нема основа за тужба за клевета
Следна Статија Ни доаѓа голем празник – Архангел Михаил ќе ви ги оствари желбите, но мора да исполните еден услов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор,…

March 23, 2025
СВЕТ

Украина погоди фабрика за оружје во Русија, додека Москва започна масовен напад со дронови

Украина соопшти дека во текот на ноќта извршила напад со долг дострел врз воено-индустриски објект во рускиот град Волгоград, додека…

June 28, 2026
СВЕТ

Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД,…

May 30, 2025
СВЕТ

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?