Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба

Објавено February 4, 2026 12:14
Сподели
Сподели

Денеска, на 4 февруари, се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903), еден од најзначајните идеолози и организатори на македонското револуционерно движење и симбол на борбата за слободна, праведна и демократска македонска држава.

Делчев останува запаметен како визионер кој ја разбирал Македонија како дел од светот во кој народите треба да се натпреваруваат културно, а не преку насилство и туѓи геополитички интереси. Тој јасно и бескомпромисно се спротивставувал на секое мешање на надворешни фактори во ослободителното дело на македонскиот народ, предупредувајќи дека лажните надежи и странските ветувања се подеднакво опасни како и отворениот непријател.

Особено визионерски денес делуваат неговите ставови искажани во писмо до Ефрем Каранов од 1895 година, напишано во Штип, во кое Гоце Делчев остро се спротивставува на проруските агитатори кои ширеле илузии за автоматска руска воена интервенција по кревање востание во Македонија.

Гоце Делчев не само што теоретски се спротивставувал на проруската агитација, туку активно работел против ширењето на нереални ветувања за ослободување со туѓа помош. Историјата, како што покажале настаните, му дала за право. Русија, и покрај очекувањата на дел од агитаторите, во периодот пред и за време на Илинденското востание работела на спречување и задушување на внатрешното востание во Македонија.

Академик Владо Поповски, повикувајќи се на руски официјални извори, наведува дека за време на Илинденското востание, рускиот министер за надворешни работи Владимир Ламсдорф им наложил на руските конзули да му ветуваат заштита на македонското население само доколку се откаже од комитетите и ги предаде востаничките водачи на османлиските власти, со цел востанието бргу и ефикасно да биде задушено.

Историчарката д-р Јасмина Дамјановска од Државниот архив на Република Северна Македонија истакнува дека ставовите на Гоце Делчев му дале автентичен, прогресивен и морален печат на македонското револуционерно движење. Неговата личност и дело, нагласува таа, ги обврзуваат сите генерации на зачувување на слободата, демократијата и независноста.

„Гоце Делчев со право беше наречен македонски и балкански Гарибалди – човек со сето големо значење на тој збор“, пишува д-р Дамјановска, потсетувајќи на неговите мисли за чистотата на движењето и за еднаквоста што Македонија ја бара од светот, а истовремено мора да ја обезбеди за сите свои граѓани.

Пред Илинденското востание, Делчев бил еден од најгласните поборници против избрзано кревање на востание, сметајќи дека ослободувањето мора да дојде во вистински историски момент и преку сопствени сили.

Гоце Делчев загина во судир со османлиската војска кај селото Баница, Серско, на 4 мај 1903 година. Неговите посмртни останки на 10 октомври 1946 година беа положени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде и денес се чуваат како една од најсветите реликвии на македонската државност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nintendo најавува специјален настан за 30-годишнината на Покемон во САД
Следна Статија Android 16 QPR3:픽셀додава адаптивни поставки за поврзливост и батерија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема гужва на граничните премини Богородица и Блаце

Утрово граѓаните ја напуштаат земјава за продолжениот викенд. Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Директорот на “Комунална хигиена“ Рустеми поднел оставка за време на распитот во Кривичен суд

Комунална Хигиена останува без директор откако довчерашниот Сабахудин Рустеми од притвор си поднесе оставка, нешто за што информира адвокатот Асмир…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?