Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На денешен ден загина Никола Карев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На денешен ден загина Никола Карев
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден загина Никола Карев

Објавено April 27, 2026 10:15
Сподели
Сподели

-Во октомври 1903 година, Главниот штаб на Битолскиот револуцинерен округ издал наредба за официјалното прекинување на Илинденското востание и распуштање на  единиците.

Со распуштањето на единиците дефинитивно завршило Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ, а со тоа и во Крушевската револуционерна околија. Никола Карев со своите соборци  на 10/23 октомври 1903 година се собрале на месноста „Крвава Вода“, над селото Сланско и оттаму … преку Порече, Скопско и Србија, се упатиле за Бугарија и кон средината на ноември 1903 година, Карев пристигнал во Софија, таму каде што се собрале и сите раководители и постарите борци кои не можеле да се легализираат во Мекедонија.

Будно следејќи ги сите дипломатски и политички збиднувања на Балканот и во Европа, мудриот и политички веќе искусниот Карев, анализирајќи ја и сосема точно толкувајќи ја одредбата од петтата точка од Мирштегските реформи преточена во Општата амнестија на Султанот, која е објавена на 12 април 1904 година, одлучил, заедно со неговиот најблизок пријател Томе Никле, со посебна молба да се обратат до претседателот на Владата на Кнежевството Бугарија и нејзин министер за надворешни работи Рачо Петров, за да прашаат дали и тие спаѓаат во редот на амнестираните, бидејќи тие не биле ниту притворени, ниту, судени ниту на издржување на казна.

Молбата е со следнава содржина:

     „До Господинот Министер за Надворешни

                                                            Работи и Религија во Софија

                                                                           Молба

                                                од Томе Никлев и Никола Карев, родум од гр.

                                                     Крушево, Битолски округ во Македонија 

            Господине Министре,

            Бидејќи ние потпишаните спаѓаме во редот на оние кои се обвинуваат за активни учесници во востанието за време на минатото лето (1903 г.) во Битолскиот округ; и уште повеќе, бидејќи врз нас двајцата се припишува сето она што се случи за време на востанието во гр. Крушово; имајќи предвид дека нашето подолго останување овде станува невозможно, молиме, Господине Министре, за ваше ангажирање, преку Кнежевскиот Дипломатски агент во Цариград да се дознае дали ние спаѓаме во редот на амнестираните и, според тоа, дали можеме непречено да се вратиме во својата татковина. 

Притоа, сметаме за потребно да Ви ги соопштиме следните податоци што се однесуваат на нашите личности:

            Томе Никлев, родум од гр. Крушово, на возраст од 46 год., бивш градски кмет (коџабашија).

            Никола Карев, родум од гр. Крушово, на возраст од 28 год., бивш учител во градот.

 

                                                                                                            Со почит:

            Софија 1904 г.                                                                   Томе Никлев,

                  22/IV                                                                             Никола Карев.

Адреса:

Улица ‘Гурко’ бр. 48

Томе Никлев, Софија“.

Со оглед на фактот што молбата е напишана во Софија и доставена до Владата на Кнежевството Бугарија, не е потребен посебен коментар за тоа која татковина Никола Карев ја чувствува за своја и за која јавно се изјаснува!

Времето течело, а немало никаков одговор на молбата, па не можејќи легално да се врати во својата татковина Македонија и своето родно Крушево, со доаѓањето на пролетта 1905 година, Никола Карев одлучил да формира чета со која нелегално ќе се врати во Македонија за да продолжи со она што тој, брилијантно го реализира во крушевскиот дел од Илинденското востание – да ја продолжи борбата за конечно ослободување на Македонија – вековниот сон на секој Македонец.

„На 14 април (по стариот календар, н.з.), Велики четврток утрото, како последица од предавство, се случи крвава борба во с. Рајчани (Кратовско) меѓу соединетите чети на Петар Ацев и Никола Карев – од една страна и многуброен аскер – од друга“, пишува во софискиот  „Македонски преглед“ од август 1903 година.

Така започнало тоа последно утро за Никола Карев и неговите соборци.

Од сите собитија кои се случуваат од утрото до попладнето на 14/27 април 1905 година во, и околу селото Рајчани, како и од споменатите новински извештаи и сеќавањата на непосредните учесници, се наметнува заклучокот дека борците биле предадени и тоа, уште пред нивното пристигнување во селото. Предавството, како и најголемиот број предавства, со сигурност никојпат не ќе може да се дознае, кој и како го извршил.

Седумчасовниот смртоносен дожд од куршуми од сите страни кој започнал во 7 часот утрото, завршил во 14,30 часот, на Велики четврток, на 27 април 1905 година.

Преживеаниот од оваа битка Марко Христов Мирче се сеќава:

„Ги исфрлија бомбите и сите до еден беа убиени. Карев беше ранет уште во почетокот на борбата. Му се приближив, иако и јас бев ранет, крв течеше и се разлеваше од десното рамо. ‘ранет ли си!?’, ‘Да, но лесно!’ Беше блед … не го видов повеќе“.

Така, прерано завршил животот на водачот на крушевското Илинденско востание, и претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Македонската револуционерна организација изгубила еден од своите најдисциплинирани и најисполнителни организациони кадри, а Македонија и еден од своите најголеми синови. Имал само 27 години!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се славеше титула: Вака беше во соблекувалната на Звезда (ВИДЕО)
Следна Статија Игор Ангелов за 9-годишнината: 27 април е симбол за политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза

Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на…

April 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Државниот јавен обвинител ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител за бонусите на СЈО

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?