Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа

Објавено September 30, 2025 11:46
Сподели
Сподели

На денешен ден 30 септември во 2018 година се одржа референдум за смена на уставното име на Република Македонија со кое ја доби придавката Северна со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Од вкупно 1.806.336, на референдумот излегоа 666.743 граѓани (останува сомнежот за најголемата гласачка измама во историјата), или 36,91% од гласачкото тело, од кои 609.813 гласаа „за“, а 37.700 гласаа „против“, додека 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки. Основа за сомнеж се гинисовите регкорди при галсање, по над 90% гласачи во одредени гласачки места, јавен поткуп, мито, закани…

Владината коалиција тогаш предводена од тогашниот премиер Зоран Заев од Муртино го поддржа референдумот. Многумина функционери, амбасадори и ЕУ лидери дадоа поддршка за референдумот. Од друга страна тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот.

Референдумот е неуспешен, односно, одлуката не е усвоена затоа што не гласале повеќе од половина од граѓаните што се запишани во Избирачкиот список, објави тогаш претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Ден по референдумот беше објавено:

– На вчерашниот референдум за промена на името на Република Македонија во Северна гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список, соопшти ДИК по обработени 100 отсто од избирачките места.

На референдумското прашање „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти.

Претседателот на ДИК, Дерковски рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список.

Извештајот од ДИК ќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата, беше кажано од ДИК.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со информации за наводно полнење на гласачки кутии на некои избирачки места, Дерковски истакна дека доколку од извештаите што ќе ги добие од општинските изборни комисии се заклучи или има докази за такви случувања на некои избирачки места, ДИК согласно надлежностите ќе поведе постапка, како што рече, прво за членовите на избирачките органи, а оти постапката ќе зависи од видот на евентуалната повреда.

Половина од оние кои тогаш стоеја зад Заев сега се во Затвор (Зекири, Мирчевски, Рашковски, Димова), а другата половина се подготвува за подолг престој на истата локација….

Не само што го погази зборот туку и почна процедура за промена на името во Собранието со уцени и поткуп на пратеници што резултираше со промена на името во Република Cеверна Македонија на 11 јануари 2019 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра, лошите политики на власта ја кочат економијата
Следна Статија Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот пасош со скок од две места на новата ранг-листа за најмоќни пасоши во светот

Според најновиот извештај кој ги рангира државите според бројот дестинации достапни без виза, Македонија има скок од две места од…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје е пренатрупано со смет како никогаш до сега

За светот Скопје метропла, за неговите граѓани град затрупан во свет., пишува Телма. „Глетката е катастрофа каде и да се…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина

Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025 г., во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански одреди, кај…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?