Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!
МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Објавено October 27, 2025 15:34
Сподели
Сподели

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој период во регионот, но и пошироко, според надлежните од Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола се повеќе од импресивни. Оттаму додаваат дека во рамки на 70-ина слоеви присутни во археолошката стратиграфија, се регистрирани мноштво подови од можни 16 неолитски градби подигани или обновувани една врз друга.

– Меѓу нив се открија и остатоци од земуници, огништа и помали печки, како и бројни фрагменти од садови, алатки, мелници и намерно кршени животински коски. Посебен куриозитет се откриените дрвени остатоци во најраните слоеви на населбата, а кои се релативно добро сочувани имајќи ја предвид сувата средина во која тие егзистирале. Овие дрвени остатоци, како и археоботаничките примероци, ќе подлежат на натамошни анализи за да се утврдат нивниот вид и нивната точна старост, а кои може да упатат и на едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа, додаваат од Центарот за истражување на предисторијата.

Археолозите посочуваат и дека годинава се истражуваше во контролна сонда во западниот дел на локалитетот, а со цел да се направи увид во археолошките слоеви и во стратиграфската динамика во овој дел од населбата.

„Истражувањето посочи дека ранонеолитските културни слоеви на овој локалитет се присутни во висина од дури 2.70 метри, што е зачудувачки со оглед на неговата старост и краткотрајноста на населбите во оваа етапа. Тоа значи дека во самите почетоци на неолитот, на Влахо се живеело прилично динамично и долго, што соодветствува и со неговата апсолутна хронологија во периодот меѓу 6400 – 6000 година пр. н. е, додаваат од Центарот.

Следува и втората фаза од проектот во која, посочуваат надлежните, ќе се вршат радиокарбон, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи на органските остатоци, а воедно и детално ќе се проучува материјалната култура. Повеќегодишните мултидисциплинарни археолошки истражувања на локалитетот Влахо се дел од соработката меѓу експерти од Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Битола, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот во Базел, Институтот Биосенс, Археолошкиот музеј на Македонија и Федералниот институт за технологија во Цирих. Годишните теренски истражувања и лабораториски анализи се поддржани од Министерството за култура и туризам и од Германскиот археолошки институт.

Инаку, локалитетот Влахо во Пелагонија е познат уште од 1970-тите години и внесен во регистарот на археолошки локалитети, како и во „Археолошката карта на Република Македонија“ публикувана во 1994 година. Потемелно почнува да се истражува во 2020 година кога е систематски рекогносциран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Да го е**м Кичево-вели Фатмир Дехари
Следна Статија СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неделава доаѓа голем и тежок празник

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Струмица

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата локална магнитуда вечерва бил почувствуван во Струмица, објави Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?