Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
ЕКОНОМИЈА

На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица

Објавено June 13, 2025 19:38
Сподели
Сподели

До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.

На инфо ден во Битола посветен за Оперативната програма на Владата за нови вработувања, Ристевски посочи дека мерката за самовработување има три содржини кои се однесуваат за млади до 29 години кои може да искористат до 10 илјади евра, за невработени лица над 29 години може да се добијат седум илјади евра, а има и можности за здружување во Друштва со ограничена одговорност.

-Сакаме се да биде на транспарентен начин. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица кои се заинтересирани да аплицираат во било кој од 30-те Центри за вработување при Агенцијата за вработување низ државата, посочи заменик министерот Ристески и додаде дека на овој начин се спречува исселување на млада работна сила.


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, истакна дека владината мерка се совпаѓа и со локалните планови за вработување.

-Наш фокус е младите да ги задржиме во услови на трендови на миграција изразена во регионот и државата. Ние создаваме услови за нови вработувања преку повеќе институции и здруженија, а посебен пример е соработката со универзитетот од каде преземаме студенти практиканти кои за својот ангажман добиваат и соодветен надомест, посочи Коњановски.

Според бројот на невработени лица во Битола, во Агенцијата за вработување во овој град евидентирани се над 3.500, додека во државата заклучно со 31 мај евидентирани се 94.200 невработени лица, беше истакнато на денешниот инфо настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американец пронајден мртов во Претор
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата “Трилинг”, каде што говореше за пензискиот систем во Македонија.…

December 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти

Двете одлуки кои ги донесе Владата за ограничување на бруто профитните маржи кои овојпат беа скалести, 5, 10 и 15…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за намалените царини од страна на САД за Македонија: Преговорите продолжуват, очекувам да одиме подоле од 15%

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?