Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
ЕКОНОМИЈА

На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица

Објавено June 13, 2025 19:38
Сподели
Сподели

До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.

На инфо ден во Битола посветен за Оперативната програма на Владата за нови вработувања, Ристевски посочи дека мерката за самовработување има три содржини кои се однесуваат за млади до 29 години кои може да искористат до 10 илјади евра, за невработени лица над 29 години може да се добијат седум илјади евра, а има и можности за здружување во Друштва со ограничена одговорност.

-Сакаме се да биде на транспарентен начин. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица кои се заинтересирани да аплицираат во било кој од 30-те Центри за вработување при Агенцијата за вработување низ државата, посочи заменик министерот Ристески и додаде дека на овој начин се спречува исселување на млада работна сила.


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, истакна дека владината мерка се совпаѓа и со локалните планови за вработување.

-Наш фокус е младите да ги задржиме во услови на трендови на миграција изразена во регионот и државата. Ние создаваме услови за нови вработувања преку повеќе институции и здруженија, а посебен пример е соработката со универзитетот од каде преземаме студенти практиканти кои за својот ангажман добиваат и соодветен надомест, посочи Коњановски.

Според бројот на невработени лица во Битола, во Агенцијата за вработување во овој град евидентирани се над 3.500, додека во државата заклучно со 31 мај евидентирани се 94.200 невработени лица, беше истакнато на денешниот инфо настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американец пронајден мртов во Претор
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 18, 2024

Азиските акции растат водени од Вол Стрит; Јужна Кореја се опoравува по тарифните затегнувања

Позитивни Signs на глобалните финансиски пазари со забележителен подем на азиските берзи

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години

 По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија  го реализираше првиот…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анализа: За граѓаните и за фирмите, олеснување на кредитните услови, каматите во пад

Банкарската 2024 та ќе заврши со олеснување на условите за кредитирање и зголемена побарувачка на кредити и од граѓаните и…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?