Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На поранешниот претседател на ФИФА уште му се суди за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > На поранешниот претседател на ФИФА уште му се суди за корупција
СПОРТ

На поранешниот претседател на ФИФА уште му се суди за корупција

Објавено February 26, 2025 17:17
Сподели
Сподели

– Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, со нетрпение очекува да го расчисти своето име на новото судско рочиште под обвинение дека вршел коруптивни плаќања на легендарниот француски фудбалер, а подоцна и шеф на европската централа на УЕФА, Мишел Платини.

Блатер, кој беше претседател на ФИФА од 1998 до 2015 година, во денешно интервју, цитирано од западните медиуми, изјави дека е невин и дека е жртва на „лов на вештерки“, но и дека одговорните мора да бидат пронајдени.

И Блатер и Платини беа ослободени во 2022 година од швајцарски суд по седумгодишна истрага за исплата на 2 милиони швајцарски франци од ФИФА на претседателот на УЕФА. Сепак, оваа одлука беше оспорена од швајцарските обвинители, а сега жалбата на обвинителството повторно е на дневен ред на втор степен, што доведе до нови рочишта.

-Федералниот кривичен суд во 2022 година прогласи дека договорот меѓу Платини и мене е правилен и очекувам судот да ја потврди оваа одлука на втор степен, изјави Блатер (88), додавајќи дека жалбата е „апсолутна глупост“, но е процедурална и треба да помине.

Поранешниот прв човек на светскиот фудбал додаде дека се работи за „лов на вештерки“ против него, и се чувствува како жртва на одмазда.

Случајот се однесува на исплата на ФИФА на Платини кога тој беше шеф на УЕФА во 2011 година, со одобрение на Блатер, за работа извршена 10 години претходно. Потоа, за време на судењето во 2022 година, судијата објави дека исплатата била извршена според „џентлменски договор“ за консултантска работа помеѓу 1998 и 2002 година. По што истиот судија изрази сериозни сомневања за тврдењето на обвинителството дека се работи за измама.

-Плаќањето е извршено врз основа на договор и првостепената пресуда го призна и се согласи. Договорот беше правилно извршен и немаше поткуп, рече Блатер.

Постапката која ќе се одвива во вонредниот апелационен совет на швајцарскиот кривичен суд ќе започне во Мутенц, во близина на Базел, во понеделник на 3 март, а пресудата се очекува да биде донесена на 25 март.

Самиот Платини – трикратен најдобар фудбалер во Европа во текот на неговата натпреварувачка кариера, преку својот адвокат Доминик Нелен негира какви било коруптивни практики во односите меѓу двајцата претседатели на фудбалските федерации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност
Следна Статија Зеленски се закани: Ниту 10 центи нема да им вратиме на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Прво забивање на Стеф Кари после цели 6 години

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Стеф Кари, е познат по проектилите од далечина, па ретко забива, но…

March 2, 2025
СПОРТ

Мурињо: Ако се жалам за судењето ќе бидам суспензиран на шест месеци

Фенербахче и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во Истанбул, во третото коло во Лига Европа. Натпреварот мина во знакот на Жозе…

October 25, 2024
СПОРТ

Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме

Ракометарите на E.Пелистер го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија…

September 25, 2025
СПОРТ

Лозана следен противник на ФК Вардар

Фудбалерите на Вардар одиграа без победник на гостувањето во Сан Марино – 2:2. По двата натпревара со вкупен резултат од…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?