Националната здравствена служба во Португалија треба да вработи уште околу 14.300 професионалци за да покрие околу 20 милиони часови прекувремена работа.
Медицинските сестри, лекарите специјалисти, оперативните асистенти и помладите лекари работеле најмногу, со што учествувале речиси 80% во вкупните прекувремени часови.
Според анализата на Центарот за планирање и евалуација на јавни политики (PlanAPP), во Националната здравствена служба во 2022 година биле одработени речиси 20 милиони прекувремени часови, што е за 51,2% повеќе отколку во 2018 година.
Ова значи дека во тој период прекувремената работа е зголемена во просек за околу 1,7 милиони часа годишно, објавува бриселскиот портал Euraktiv.