Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“
ЗАБАВА

На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“

Објавено August 7, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“.

Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“.

Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк Батлер, минатиот месец одлучија целосно да ја продадат играта на познатата компанија со седиште во Висконсин.

„Никогаш не се врзав премногу за играта“, рече Алекс. „Не ми е толку важна. Само сакав да добијам што е можно повеќе пари од неа.“

Иако не се знае точно колку добиле, семејството потврди дека моментално работат на инвестирање на заработените пари. Алекс, сепак, не крие дека би сакал дел од парите да ги искористи за да купи луксузен автомобил.

„Би сакал да купам Ламборџини“, рече тој со насмевка.

Идејата за играта, како што вели Алекс, се родила сосема случајно, во период кога не сакал такос или бурито. Сепак, тој често играл игри со карти како „Exploding Kittens“ со своето семејство, што го инспирирало да смисли нешто свое.

Неговата мајка, исто така, започнала кампања „Го фаунд“, со која собрале 25.000 долари за краток временски период. Тоа било доволно за да започнат мал семеен бизнис наречен „Хот Тако Инк“, во кој Алекс бил мнозински сопственик.

Играта се појавила на „Амазон“ и станала веднаш хит. До крајот на истата година, тие заработиле речиси 1,1 милион долари. „Тако наспроти Бурито“ во еден момент била најпродаваната игра на „Амазон“.

Сепак, како што растела побарувачката, играта го надминала капацитетот на семејниот бизнис. Потоа решиле да најдат поголема компанија која ќе може да се справи со понатамошната дистрибуција.

Иако добиле неколку понуди во текот на годините, семејството се одлучило за „Плеј манстер“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
Следна Статија Кремљ: Путин прифати средба со Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нинтендо Свич 2 и ажурирање на Свич 21.1.0 веќе достапни, детали за надградбата

Најновото ажурирање на Нинтендо Свич носи подобрувања и нови функции за корисниците

December 10, 2025

Octopath Traveler 0 добива уште една надградба за Switch и Switch 2

Преземете ја веднаш

February 2, 2026
ЗАБАВА

Научници ги вратиле во живот „страшните волци“, праисториско животно изумрено пред 12.000 години

Научниците од компанијата „Colossal Biosciences“ во САД, вратиле во живот еден вид волци кои талкале по рамнините и планините на…

April 11, 2025
ЗАБАВА

Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros

Еден од најдобрите женски вокали на македонската музичка сцена кај нас, Андријана Јаневска преку социјалните мрежи сподели убава информација поврзана…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?