На скопскиот маратон трчаа 13.400 натпреварувачи од 55 земји

На годинешниот јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

СВР Скопје во целост успешно го обезбеди настанот и без никаков инцидент го осигура меѓународниот маратон.

СВР Скопје упатува извинување до сите граѓани кои во периодот од 07-14 часот имаа мали проблеми да се движат по градот, а воедно упатува и благодарност до граѓаните што ги почитуваа насоките на движење давани од полициските службеници.

Сподели ја оваа статија